24 Април, 2024
0.0250

Сакаме ли економски регионално да се интегрираме

Објавено во: Колумни 13 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Првата деценија од развојот на европските самостојни држави по распаѓањето на социјализмот, вклучително и на поранешната заедничка држава се карактеризира со срамежлив национал-романтизам, од една и силен фокус на процесот на приватизација (во некои државите поуспешен, а во други катастрофален) како императив за воспоставување на пазарна економија, од друга страна. Потоа следи процес на „освестување“ и разбирање дека секоја од новосоздадените држави сама за себе е премногу мал пазар за да може независно да опстојува. Очите на сите поранешни социјалистички држави од регионот се свртени кон Европската унија и функционалните пазарни економии. 

Некои порано се „освестија“... Така, во 1992 во Краков Вишеградската група (Полска, Унгарија и Чехословачка) го потпишуваат ЦЕФТА договорот (CEFTA - Central European Free Trade Agreement), со намера економски регионално да се интегрираат пред нивното полноправно членство во ЕУ. Подоцна членки стануваат Словенија (1996), Романија (1997), Бугарија (1998), Хрватска (2002) и Македонија (2006). Сите земји од оригиналниот договор, со исклучок на Македонија, влегоа во Европската унија и со тоа ја напуштија ЦЕФТА, по што беше одлучено Договорот да се прошири со останатите балкански држави кои веќе имаа меѓусебни билатерални договори за слободна трговија во рамки на Пактот за стабилност во Југоисточна Европа. Денес, ако се земе предвид дека во ЦЕФТА покрај САКАМЕ ЛИ ЕКОНОМСКИ РЕГИОНАЛНО ДА СЕ ИНТЕГРИРАМЕ?!

Македонија се Албанија, Босна и Херцеговина, Молдавија, Србија, Црна Гора и УНМИК (во име на Косово), ќе заклучиме дека името не овој договор нема врска со неговиот состав, бидејќи се однесува на земјите од Средна Европа и дека истиот потсетува на своевидно „чистилиште“ во кое заробените никако не успеваат да поминат во наредниот круг. Придобивка од Договорот има во делот на олеснувања поврзани со царинските стапки, но во делот на отстранување на нетарифните бариери за трговија, речиси и да нема позначајни резултати. Овој Договор почесто се употребува како алатка за закана и поткусурување помеѓу Владите на одредени страни, дефинирањето на одредени заеднички активности трае предолго, најчесто се преговара без желба да се постигне договор, односно постапките се неефикасни и оптоварени со администрација, што секако не оди во прилог на регионалната економска интеграција.

Резултат со слика за cif logo site:www.mchamber.mkВо 2015 година во Виена под покровителство на германската канцеларка, а во насока на активно вклучување на националните стопански комори од шесте земји на Западен Балкан (патем сите потписнички на ЦЕФТА договорот) како резултат на Берлинскиот процес формиран е Коморскиот инвестициски форум (КИФ). Неговата цел е да придонесе за економска интеграција на регионот преку олеснување на трговијата и либерализација на трговијата со услуги, електронска трговија,  хармонизација на политиките за инвестиции, мобилност и дигитална интеграција.

САКАМЕ ЛИ ЕКОНОМСКИ РЕГИОНАЛНО ДА СЕ ИНТЕГРИРАМЕ?!Дополнително, на претходните две организации/договори, кои се однесуваат на исти прашања во ист регион, е и иницијативата за формирање „Мал Шенген“, ограничен само на неколку држави: Македонија, Албанија и Србија, што е своевидно под множество на ЦЕФТА.

Покрај добрата воља на бизнисот, како и поддршката од европските партнери реалните испорачувања на конкретни решенија кои се значајни за регионалната економска интеграција во крајна инстанца зависат од вољата на Владите и подготвеноста на администрацијата во различните земји.

Оттаму, за напредок, Владите мора да разберат дека економската интеграција во регионот е најсилната врска што го води Западен Балкан кон Европската унија, а истото имплицира искрен пристап и суштинско интензивирање на економската соработка во секој сегмент.

Во спротивно, треба да го поставиме прашањето: „Сакаме ли економски регионално да се интегрираме?!“, а потоа можеби и: „Имаме ли алтернатива?!“

Анета Димовска, самостоен советник во Стопанската комора

Можеби ќе ве интересира

Оружје за Украина - пари за САД

Оружје за Украина - пари за САД

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок