20 Април, 2024
0.0566

Сајбер криминалот е во пораст: Kако да го заштитите вашиот бизнис?

Објавено во: Економија 24 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Малите и средните бизниси се идеална мета за сајбер криминалците - тие се најчесто минимално или воопшто не се заштитени, не располагаат со соодветна и безбедна инфраструктура, и токму затоа сè почесто се мета на хакерски напади.

Само во изминатата година, 47% од малите бизниси се соочиле со еден сајбер напад, а дури 44% од нив и со повеќе напади. За подобро да ги разберете овие сајбер напади, потребно е да знаете како да ги препознаете заканите, но и како да се заштитите себеси и вашиот бизнис.

„Заканите и ризиците по безбедноста на податоците на една организација се повеќекратно зголемени во последните години, а најчеста цел на напад се директно корисниците. Софистицираноста на фишинг пораките станува сѐ поголема и лесно, само со еден невнимателен клик со маусот, може да предизвика голема штета за компанијата.Тука станува збор за измами што опфаќаат од пристигнување на непостоечки фактури, дознавање на вашата лозинка и корисничко име на сервисите за е-пошта или социјалните мрежи, па сѐ до инсталирање на злонамерен софтвер којшто може континуирано со месеци или години да извлекува податоци од вашите уреди, а вие воопшто и да не бидете свесни за тоа. 

На овој тип на напади се надоврзува и Ransomware злонамерниот софтвер којшто е особено опасен и со енкрипција на вашите податоци истите ги прави недостапни, а вие мора да платите одредена сума за да ги вратите назад. Дури и да платите и да ви ги вратат податоците (што не се случува често), интегритетот на овие податоци е нарушен и потребно е да ги верификувате со безбедна копија. 

Трет и не помалку опасен ризик се небезбедните преносни уреди како УСБ, коишто можат да содржат злонамерен код којшто може лесно да ја помине заштитата од антивирусот и да се прошири низ цела локална мрежа во организацијата, како и, преку овие компромитирани уреди, и на платформите во „облак“, доколку ги има.

Затоа, свесноста за овие закани кај сите вработени во една компанија е клучна за намалувањето на ризиците од напад, а со тоа и за намалување на штетата од тој напад. Средните и големите компании исто така треба да имаат план за деловен континуитет којшто ќе овозможи побрзо справување, а со тоа и намалување на штетата од безбедносен инцидент”, смета Филип Нешковски  од Фондацијата Метаморфозис.

Опасностите се очигледни и сѐ поприсутни во дигитaлниот свет. Како да го заштитиме нашиот бизнис?

Првиот чекор е сознанието дека ви треба соодветна заштита.

Никогаш не извлекувајте избрзан заклучок дека вашата компанија, бидејќи е помала, е помалку атрактивна за сајбер напади. Користа којашто хакерите ја имаат од вашиот бизнис најчесто воопшто не е поврзана со парични средства; нивната мета се податоците коишто подоцна можат да ги искористат на повеќе штетни начини. Потенцијалната загуба на важни податоци или интелектуална сопственост - ваша или на вашите клиенти - е доволна опасност сама по себе за да ве убеди дека ви е потребна соодветна заштита.

Правете симулации на закани

Тестирајте ја вашата заштита преку симулирање закана којашто би можела да има негативно влијание врз вашиот бизнис. На тој начин ќе дознаете дали инсталираната заштита е соодветна и ќе научите како да се справите со неа. Најчесто, најголемите пропусти се случуваат поради невина грешка, како на пример, кога некој од вработените заборавил навремено да ја промени лозинката на својот компјутер. За оваа активност ќе ви биде потребно малку постручно знаење за интернет заканите, но можете да се консултирате и со експерт.

Одберете соодветна заштита

Присуството на интернет како поединец или компанија секогаш доаѓа со различни форми на ризици. Спроведувањето стратегија за компјутерска безбедност за вашиот бизнис може да ви изгледа тешко доколку не сте професионалец во тоа поле. Но, тоа не е изговор за да се игнорира заштитата што ви е потребна во случај на сајбер напад. Секогаш одберете соодветен комуникациски партнер којшто, покрај сигурност на мрежата, може да ви понуди и заштита на интернет.

Бојан Велевски од Македонски Телеком ни посочи како може едноставно да го заштитиме бизнисот на интернет со помош на SafeNet OFFICE:

„SafeNet OFFICE е интегрирана услуга во фиксниот интернет на Телеком којашто нуди напредна интернет безбедност и автоматски ги блокира потенцијалните закани уште пред тие да дојдат во контакт со корисничките уреди. Бидејќи се работи за cloud услуга, не се потребни инсталации и ажурирања на софтверот. SafeNet OFFICE функционира „тивко во позадината”, без да предизвика забавување на перформансите на корисничките уреди.

Да го земеме за пример Ransomware, којшто е сериозен тип на закана кој минатата година предизвикал загуби во бизнисот од 20 милијарди долари на светско ниво. Тој најчесто се „пренесува” како вграден во датотеките што се преземаат или преку фишинг пораки, коишто со еден клик предизвикуваат енкрипција - заклучување на сите кориснички датотеки. Платформата SafeNet OFFICE постојано врши 24/7 анализа на заканите коишто доаѓаат од интернет сообраќајот и проактивно обезбедува напредна заштита и филтрирање на истиот. Во случајот на Ransomware, корисникот добива инстантно blocking page известување(известување за блокирана страна) на екранот, коешто укажува дека се работи за веб страница со сомнителна содржина и дава препорака да не се посетува страницата. Заканите што секојдневно нè демнат на интернет може да се надминат со соодветна заштита“.


Можеби ќе ве интересира

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?