28 Март, 2024
0.0279

САХАРСКО ЖЕЖОК ВЕТАР ОВАА НЕДЕЛА: Екстремениот топлотен феномен, со температури од 50 ќе направи вистинска катастрофа во Европа и на Балканот

Објавено во: Свет 02 Август, 2021

Добивај вести на Viber

Екстремно врел воздух од Северна Африка ќе почне да зафаќаат големи делови од Европа во текот на овој викенд, што според метеоролозите се опишува како „катастрофален топлотен бран“. Ваквиот феномен, според научниците, се припишува на ретките сирокоски ветрови кои од пустината Сахара ќе донесат уште повисоки температури и ќе создадат неиздржливи временски услови во јужна Европа.

Се очекува Италија да ја доживее првата експлозија од бруталната топлина во недела, жештината да се рашири југоисточно кон Грција, Бугарија и Турција.

Синоптичарите очекуваат живата на термометрот да се движи над 40 степени викендов пред да се искачи до 45 Целзиусови степени, па дури и 50 Целзиусови степени до крајот на следната недела.

Највисоката досега температура во Европа е забележана на 10 јули 1977 година, кога живата достигнала 48 степени Целзиусови во Атина, Грција.

Најновите карти покажуваат дека екстремниот временски систем се повлекува кон Европа.

Графиконите за температура покажуваат големи области во јужна Европа да добијат темна нијанса на црвено во текот на следните седум дена.

Јан Шенк, шеф на The Weather Channel, Германија, изјави: „Катастрофален топлотен бран се движи кон јужна Европа и, подгответе се, следната недела е можно до 50 степени Целзиусови, температурниот рекорд на цела Европа може да биде соборен. Моментално е на 48 степени.

„Во одреден момент, ќе биде невозможно да се направи разлика помеѓу различните воздушни маси, а потоа ќе биде исто толку жешко во Грција како и во Сахара, а потоа ќе доживееме екстремна топлина со температури кои ќе се искачат до 45 ° C, а во некои области можни се 50 С

Сирокоските ветрови потекнуваат од Северна Африка и Медитеранот.


Можеби ќе ве интересира

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО

Уште двајца починати и 100 хоспитализирани во Јапонија од диететски додаток

Уште двајца починати и 100 хоспитализирани во Јапонија од диететски додаток

ПРЕЖИВЕАЛ ТРИ ОБИДИ ЗА АТЕНТАТ: Израелските сили потврдија дека елиминирале висок командант на Хамас

ПРЕЖИВЕАЛ ТРИ ОБИДИ ЗА АТЕНТАТ: Израелските сили потврдија дека елиминирале висок командант на Хамас

ДОМАЌИНСТВАТА ФРЛААТ НАЈМНОГУ: Светот фрла 19 отсто од храната, а 783 милиони луѓе гладуваат

ДОМАЌИНСТВАТА ФРЛААТ НАЈМНОГУ: Светот фрла 19 отсто од храната, а 783 милиони луѓе гладуваат

СОРАБОТУВАЛЕ СО РУСИЈА: Украина уапси агенти

СОРАБОТУВАЛЕ СО РУСИЈА: Украина уапси агенти

ЗАГИНАА 140 ЛУЃЕ, ПОВРЕДЕНИ СЕ 360: Колку луѓе се водат како исчезнати по нападот во Москва?

ЗАГИНАА 140 ЛУЃЕ, ПОВРЕДЕНИ СЕ 360: Колку луѓе се водат како исчезнати по нападот во Москва?

МАСАКР ВО МОСКВА: Терористите добиле инструкции кога патувале за Турција?

МАСАКР ВО МОСКВА: Терористите добиле инструкции кога патувале за Турција?

ПОДДРШКА ЗА УКРАИНА: Десетици нобеловци го повикаа светот да ја засили борбата против Путин

ПОДДРШКА ЗА УКРАИНА: Десетици нобеловци го повикаа светот да ја засили борбата против Путин

ШТО СЕ СПРЕМА: Киргистан ги повика своите граѓани да не патуваат во Русија

ШТО СЕ СПРЕМА: Киргистан ги повика своите граѓани да не патуваат во Русија