25 Април, 2024
0.0302

САД се закани: Санкции и за европски компании со рускиот гас

Објавено во: Економија 22 Март, 2018

Добивај вести на Viber

САД е пред одлука да воведе санкции и против европски компании кои се поврзани со изградба на руски проекти за достава на гас преку планираниот проект Север тек 2. Европските компании кои ќе работат на овој важен гасовод може да се соочат со санкции од Америка, посочија од Стејт Департментот.

„Веруваме дека проектот Северен тек 2 ќе ја поткопа севкупната енергетска безбедност и стабилност на Европа. Тоа ќе и овозможи на Русија уште една алатка за притисок во европските земји, особено земји како Украина, изјави портпаролката на Стејт Департментот Хедер Нојерт.

Проектот за овој цефковод беше започнат во 2015 година како соработка меѓу руски Гаспром, Енџи од Франција, австриски OMV, германски Јунипер и Винтершал, како и британско-холансакиот концерн Royal Dutch Shell. Гасоводот треба да се протега од Русија до Германија под Балтичкото море и двојно да ја зголеми досегашната цевководна мрежа за 55 милијарди кубни метри на годишно ниво.

САД има свој интерес во енергетиката и ја притиска Европа да се откаже од набавувањето на руски гас и природни енергенси и наместо нив да чека достава со американски танкери, цистерни и гасоводи кои се градат од арапскиот свет, но тие проекти се доста поспаки од руските решенија за достава и цените на енергенсите.

Токму енергетските интереси повеќе аналитичари сметаат дека се главната причина за засилената вербална војна која сега се одвива меѓу САД и Русија иако претседателот Трамп сакаше да воспостави нормализација на односите со Путин по што беше расчеречен од либералните медиуми како и од бизнис лобито, но и од разузнавачките служби кои не седат мирни. 

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?