САД СЕ ЗАКАНИ: Иран ќе се соочи со последици ако испорача проектили на Русија
Објавено во: Свет 12 Август, 2024
САД денеска упатија предупредување дека Иран ќе се соочи со значајни последици ако одлучи да испорача стотици балистички проектили на Русија.
„Подготвени сме да дадеме брз и силен одговор ако Иран се впушти во пренос на балистички ракети“, изјави пред новинарите во Вашингтон, портпаролот на американскиот Стејт департмент, Ведант Пател.
Според него, САД веруваат дека тоа „ќе претставува сериозна ескалација на иранската поддршка на рускиот агресивен напад против Украина“.
„САД се подготвуваат за значителни напади што би можеле да ги извршат иранските приврзаници на Блискиот Исток уште во текот на оваа недела“, изјави советникот за национална безбедност на Белата куќа Џон Кирби.
Украина нападна во Курск, а украинските власти велат дека ќе ја принудат Русија на мир. Русија пред две и пол години ја нападна Украина и војната уште трае.