20 Април, 2024
0.0270

САД РАЗОЧАРАНИ: Порачаа да градиме транспарентно и демократско општество

Објавено во: Македонија 19 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

САД се разочарани затоа што Европскиот совет не додели датум за преговори за Македонија и за Албанија. Ги охрабруваат двете држави, Македонија и Албанија да останат цврсти во градењето на транспарентно и демократско општество.

Стејт департментот наведува дека Албанија и Македонија, направиле важни реформи и се надеваат дека Европскиот совет ќе постигне консензус за позитивна одлука пред самитот ЕУ-Западен Балкан наредната година.

„Соединетите Американски Држави ја поддржуваат посветеноста на Македонија и Албанија за интеграцијата во Европската унија. Разочарани сме што Европскиот совет не ги прифати силните реформски напори на секоја земја. Позитивната одлука би го потврдила кредибилитетот на нивниот пат кон ЕУ и цврсто ќе се спротивстави на малигните надворешни актери, кои сакаат да ги поткопаат западните вредности и евроатлантската заедница. Признаваме дека Европскиот совет не кажал „не“ ниту на Албанија, ниту на Северна Македонија, ниту ЕУ воспостави нови услови за започнување на пристапните преговори. Се надеваме дека Европскиот совет ќе постигне консензус за позитивна одлука за двете држави пред самитот ЕУ-Западен Балкан следниот мај“, соопшти Стејт департментот.

САД ќе продолжат да работат со европските партнери за да ги унапредат споделените цели за стабилност и безбедност на Западен Балкан“, се наведува во соопштението на Стејт департментот.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите