САД ПРЕД ОДЛУКА, ЈУНКЕР „ПУКА“ ОД ОПТИМИЗАМ: Ќе има ли нови царини за автомобилите од ЕУ?
Објавено во: Економија 08 Ноември, 2019
САД до средината на ноември треба да се изјасни за одлуката дали ќе ги зголемат царините на автомобили и резервни делови кои доаѓаат од ЕУ а токму оваа одлука беше одложена во мај кога Трамп така одлучи.
Европските функционери засега се оптимистични дека ќе има критики но дека сепак додатни царини за автомобилите нема да има.
Жан Клод Јункер го рекол тоа во интервју за германски Зидојче Цајтунг притоа искажувајќи оптимизам.
Сепак доколку тие мерки бидат воведени пред се ќе ги погодат германските произведувачи како што се Folksvagen, BMW или Dajmler но од друга страна американскиот министер Вилбур Рос навестил дека можеби нема да мораат да воведуваат нови царини.
Рос ги посочил неговите очекувања дека по преговорите со поединечни фирми кои ги имале а се однесуваат на инвестицоните планови ќе вродат со плод за да нема потреба од спроведување на планот за нови царини.
-Имавме добри разговори со „европски, јапонски и корејски пријатели“ каде се наоѓа главниот произведувч на автомобил-потенцирал Рос.