25 Април, 2024
0.2377

РУСКОСКА: Ќе изнесеме цврсти докази за алчноста на Јанева и за Кичеец кој не ја заборави торбата со пари

Објавено во: Македонија 03 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Не шедеше зборови со кои ќе им се обраќа на тројцата обвинети во „Рекет“, јавната обвинителка Вилма Рускоска.

Во воведниот говор на ова прво судско рочиште рече дека во случајот не се жртви оние на кои им се барале пари, туку дека жртви се сите граѓани на Македонија.

-Обвинителството ќе изнесе цврсти докази за алчноста на Катица Јанева која ја издаде довербата на народот помагајќи му на Бојан Јовановски со изнесувањето материјали од предистражни постапки кои се службена тајна за да може Боки 13 од обвинетите во тие постапки да бара милионски пари за тие постапки да завршат со спогодба или во најдобар случај како сведоци. Ќе докажеме дека свесно ја злоупотребила службената положба а можеби и ќе слушнете дека Камчеви први побарале и молеле за помош, но не е така-истакна обвинителката Рускоска.

Таа потенцираше дека ОЈО ќе изенесе и докази дека  Боки 13 преку Кичеец први стапиле во контакт со Ана Камчева а кажа и дека од „обвинетиот Кичеец може ќе слушнете дека се што направил било да му помогне на Камчев зошто го чувствувал како брат, но ќе видите и дека не заборавил да ја земе торбата полна пари“.

Претходно, Катица Јанева и Бојан Јовановски кажаа дека не чувствуваат ниту трошка вина за овој случај. Боки13 отиде до таму што рече дека и до последната капка крв ќе стои во судницата. Зоран Милески Кичеец го призна делото.

„Не се чувствувам добро и едвај стојам, жалам што тоа денес е така, но ќе кажам дека не чувствувам вина ниту за кривичното дело примање награда за противзаконито влијание, ниту за перење пари“, рече Јовановски пред судот откако беше одлучено да почне судењето за „Рекет“, а лекарите утврдија дека тој може да го следи судењето но бидјеќи беше под стрес доби диазепам.

Можеби ќе ве интересира

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг