Руските научници имаат ново откритие за коронавирусот
Објавено во: Свет, Корона Вирус 21 Октомври, 2020
Откриени се над 80 мутации на новиот коронавирус.
Ова го открија руски научници.
„Рускиот државен истражувачки центар за вирусологија и биотехнологија „Вектор“ откри повеќе од 80 мутации на коронавирусот“, соопшти генералниот директор на тој центар, Ринат Маскјутов.
Тој изјави дека овие мутации не влијаат на ефикасноста на вакцината која ја развиваат, објави ТАСС.
Има повеќе од 80 замени на нуклеотиди, кои не се вклучени во меѓународните бази на податоци.
Русија на 11 август објави дека ја регистрирала вакцината против коронавирус „Спутник V“.
Оваа вакцина ја разви Центарот за истражување Гамалеја при Министерството за здравство. Клиничките испитувања се завршени во јуни и јули.
Ова е нов вирус од кој се заразени 41.1 милиони луѓе во светот.
Во Русија вирусот беше потврден кај повеќе од 1.4 милиони луѓе.