07 Октомври, 2022
0.0252

Руските државјани со шенген визи нема да можат да влезат во една европска земја

Објавено во: Свет 11 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Талин ќе забранува влез на руски државјани со шенген визи. 

Естонија планира да им забрани на руските државјани со шенген визи издадени од балтичката држава да влезат во земјата поради руската инвазија на Украина.

Естонскиот шеф на дипломатијата, Урмас Реинсалу,  изјави дека иако шенген-визите издадени од неговата земја ќе останат валидни, тие нема да бидат прифатени за влез.

Реинсалу кажа дека одлуката влијае само на проценетите 50.000 визи издадени од Естонија, додавајќи дека владата планира во наредните денови да разговара за начините за забрана за влез на сите руски граѓани во Естонија.

Ова не важи за дипломатите и членовите на нивните семејства, поединците вклучени во меѓународни транспортни бизниси, лицата кои треба да ја посетат Естонија од хуманитарни причини или блиските роднини на естонските граѓани и постојаните жители.

Естонија престана да издава нови туристички визи за Русите веднаш по инвазијата на Украина во февруари, освен за роднините на естонските граѓани. 

Естонија повика европските земји да не им даваат визи на Русите. 

Премиерката Каја Калас бара  европските држави да престанат да издаваат туристички визи за Русите. Таа рече дека посетата на Европа е привилегија. 

foto Wikipedia/Ivar Leidus

Можеби ќе ве интересира

Лукашенко го испитува пулсот на народот и повика на општа мобилизација

Лукашенко го испитува пулсот на народот и повика на општа мобилизација

Санкции за Кадиров, Медведев, Шојгу и многу други

Санкции за Кадиров, Медведев, Шојгу и многу други

Резников до руските војници: Гарантираме веднаш живот, безбедност и правда за сите кои одбиваат да се борат

Резников до руските војници: Гарантираме веднаш живот, безбедност и правда за сите кои одбиваат да се борат

ПУТИН ДОБИВА РАЗНИ ПОДАРОЦИ ЗА РОДЕНДЕН, НО ЕДЕН ПОСЕБНО ГО ИЗНЕНАДИЛ: Нешто еротско за лидерот на Кремељ

ПУТИН ДОБИВА РАЗНИ ПОДАРОЦИ ЗА РОДЕНДЕН, НО ЕДЕН ПОСЕБНО ГО ИЗНЕНАДИЛ: Нешто еротско за лидерот на Кремељ

ОД ПОЛИТИЧКИ ЗАТВОРЕНИК ДО ДОБИТНИК НА НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА МИР: Кој е белорускиот активист за човекови права, Алес Бјалиатски

ОД ПОЛИТИЧКИ ЗАТВОРЕНИК ДО ДОБИТНИК НА НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА МИР: Кој е белорускиот активист за човекови права, Алес Бјалиатски

Лавров: Зеленски презентираше уште еден доказ за заканите на Киев

Лавров: Зеленски презентираше уште еден доказ за заканите на Киев

НЕПОЗНАТИ ДЕТАЛИ ОД ЖИВОТОТ НА ПУТИН И НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО - што говори книгата од тројца руски новинари кои го интервјуирале по неговото доаѓање на власт

НЕПОЗНАТИ ДЕТАЛИ ОД ЖИВОТОТ НА ПУТИН И НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО - што говори книгата од тројца руски новинари кои го интервјуирале по неговото доаѓање на власт

СЕ СООЧУВАМЕ СО МОЖНОСТА ЗА ТАКТИЧКИ НУКЛЕАРЕН НАПАД ОД ПОЛСКА: Лукашенко предупреди

СЕ СООЧУВАМЕ СО МОЖНОСТА ЗА ТАКТИЧКИ НУКЛЕАРЕН НАПАД ОД ПОЛСКА: Лукашенко предупреди

СО ГОЛЕМ КУЈНСКИ НОЖ НАПАЃАЛ ЛУЃЕ НА УЛИЦИТЕ ВО ЛАС ВЕГАС: Двајца мртви, шестмина ранети!

СО ГОЛЕМ КУЈНСКИ НОЖ НАПАЃАЛ ЛУЃЕ НА УЛИЦИТЕ ВО ЛАС ВЕГАС: Двајца мртви, шестмина ранети!