Добивај вести на Viber
Уделот на руско-британската корпорација „ТНК БП“ во венецуелската компанија „Петромоногас“ ќе и биде продаден на „Росњефт“, соопшти министерот за нафта на Венецуела Рафаел Рамирез.
Вредноста на трансакцијата не е објавена, а продажбата на уделот во „Петромоногас“ мора да ја одобри владата на Венецуела.
„ТНК-БП“ во 2011 година купи 16,7 отсто од акциите на „Петромоногас“, а останатите 83,3 проценти и припаѓаат на венецуелската гасна компанија ПДВСА.