Добивај вести на Viber
Цената на руската пченица овој период бележи рекорди. Руските медиуми информираат дека цената вртоглаво расте и во моментов се движи од 32,25 до 35,84 долари за тон. Според директорот на Рускиот институт за истражување н аграрот, Димитар Рилко, тоа се цени кои се рекордни во постсоцијалистичка Русија. Цените на житарките во Русија почнаа да растат уште од јули минатата година, поради сушата во земјоделските региони. Оваа година се очекува Русија да има приноси од 75 милиони тони жито, иако на почетокот на годината, предвидувањата беа дека приносите ќе бидат околу 95 милиони тони жито.