РУСИТЕ МАСОВНО НА УЛИЦИТЕ НА МОСКВА - бараат анексија на истокот на Украина
Објавено во: Свет 23 Септември, 2022
Русите масовно излегоа на улиците на Москва и Санкт Петербург на собир за поддршка на припојувањето на окупираниот украински регион Донбас кон Русија. Во вторник, четири украински окупирани региони - Доњецк, Луганск, Керсон и Запорожје - најавија референдум за приклучување кон Русија од 23 до 27 септември. Одлуката беше поздравена од руските власти и осудена од западните политичари.
Луѓето на масовниот собир носеа руски знамиња, знамиња со рускиот симбол „З“ и натпис „Руси, Украинци, една нација, една земја“.
Фото: ЕПА