Добивај вести на Viber
Спогодба за испорака на природен гас за Србија денеска потпишаа министрите за енергетика на Србија и Русија Зорана Михајловиќ и Александар Новак во Белград. На потпишување на овој договор присуствуваше и српскиот премиер Дачиќ кој истакна дека спогодбата ќе придонесе за енергетската стабилност на Србија и ќе ја гарантира сигурноста на испораките на гас за следната деценија. Документот предвидува Русија да и доставува на Србија по пет милијарди кубни метри гас годишно до 2021 година. Премиерот на Србија истакна дека очекува наскоро да се потпише и спогодба за стратегиско партнерство меѓу двете земји, од која дел ќе биде и денеска потпишаната спогодба за испорака на гас.