18 Април, 2021
0.0224

Румена Бужаровска до Коцарев: Каква брука, претседател на МАНУ шири лажни вести

Објавено во: Македонија 01 Март, 2021

Професорката на Филолошки факултет при УКИМ, Румена Бужаровска, ги искоментира како „брука“ изнесените тврдења во јавноста на претседателот на Македонската академија на науките и уметности, Љупчо Коцарев, кој наведе дека ќе се укинуваат катедрите по македонски јазик и македонска книжевност. 

„МАНУ би требало да се огради од тоа што неговиот претседател скандалозно и тенденциозно шири лажни вести. Каква брука“, искоментира писателката на Фејсбук.

Инаку 16-мина професори, магистри и доценти од Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици упати отворено писмо дека станува збор за целосни невистини и манипулации.

„Изразуваме цврста убеденост дека на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ не постои и  никогаш не постоела идеја за укинување на катедрите за македонски јазик и за македонска книжевност. Истовремено ја уверуваме македонската јавност дека доколку некој поединец или институција би се осмелиле да посегнат по интегритетот на Катедрата за македонски јазик, ние сите до еден ќе се заложиме тоа да го спречиме со сите средства и на сите начини“, се вели меѓудругото во писмото.



Можеби ќе ве интересира

Драстично намален бројот на новозаболени денеска

Драстично намален бројот на новозаболени денеска

Анестезиолог Хаџиевска по трансплантацијата на срцето кое му го продолжи животот на Илија: Со сопругата беа ептен слатки, двајцата многу млади

Анестезиолог Хаџиевска по трансплантацијата на срцето кое му го продолжи животот на Илија: Со сопругата беа ептен слатки, двајцата многу млади

Комисијата за заразни болести не исклучува уште една недела рестриктивни мерки

Комисијата за заразни болести не исклучува уште една недела рестриктивни мерки

Мирослав Богдановски е вториот пратеник од владеачкото мнозинство кој излезе од изолација за да гласа во Собрание

Мирослав Богдановски е вториот пратеник од владеачкото мнозинство кој излезе од изолација за да гласа во Собрание

Антонио Милошоски: За некои граѓани нема амбулантно возило, но за некои функционери има во секое време

Антонио Милошоски: За некои граѓани нема амбулантно возило, но за некои функционери има во секое време

Заврши сагата, сите пратеници ги изгласаа законите за економска помош на граѓаните и компаниите

Заврши сагата, сите пратеници ги изгласаа законите за економска помош на граѓаните и компаниите

Бојан Маричиќ: Позитивните пратеници на СДСМ се присутни во Собранието согласно сите протоколи

Бојан Маричиќ: Позитивните пратеници на СДСМ се присутни во Собранието согласно сите протоколи

Апасиев од собраниската говорница до двајцата позитивни присутни пратеници на СДСМ: Први ќе одите во затвор кога ќе падне режимот

Апасиев од собраниската говорница до двајцата позитивни присутни пратеници на СДСМ: Први ќе одите во затвор кога ќе падне режимот

СДСМ собра мнозинство: 60 пратеници во сала и двајца во изолација во кабина

СДСМ собра мнозинство: 60 пратеници во сала и двајца во изолација во кабина