25 Април, 2024
0.0294

Румен Радев: Борисов и Заев да не потпишуваат нова декларација без јасни критериуми

Објавено во: Балкан 27 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber


Со години, владата даваше слатки ветувања за безусловна поддршка за членството на Северна Македонија во ЕУ, а за резултатот што го гледаме денес - премногу доцна се сети владата, дека мора да го брани националниот интерес и затоа падна во изолација, коментира Румен Радев, бугарскиот претседател на денешната прес-конференција.

Шефот на Бугарија, чија партија е опозиција, прогнозира дека епилогот во декември е потпишување на нова декларација помеѓу македонскиот и бугарскиот премиер - Зоран Заев и Бојко Бориосв.

- Владата неуспешно се обиде да ги убеди нашите европски партнери дека условите од нашата позиција на национална рамка, усвоена со консензус од парламентот, мора да бидат поставени во рамката за преговори. Затоа, сега би била голема грешка ако премиерите Борисов и Заев играат малку театар за публиката и повторно потпишат список со желби во форма на декларација, како што е договорот од 2018 година - без јасни критериуми, без механизми за верификација и без показатели за исполнување, предупреди Радев.

Имаме најголем интерес и желба нашите браќа од Република Северна Македонија да ја добијат нивната европска перспектива и затоа мора сега да почекаме да се смират емоциите и да се вооружиме со трпеливост за отворен и смирен разговор за да можеме да ги видиме многу јасно позициите на обете страни, смета Радев.

Бугарскиот претседател смета дека зад оваа фасада продолжуваат да гнијат проблемите што ги носи режимот на Тито и неговата идеологија  Бугарија треба да ги одобри преговорите на Македонија со ЕУ откако, вели тој, ќе бидат признаени објективни историски факти и кога процесите на искоренување на говорот на омраза и злоупотребата на бугарскиот  национален идентитет и суверенитет ќе станат одржливи и неповратни.

- Во спротивно тоа би значело, наместо интеграција на нашите партнери, интегрирање на проблеми. Бугарија е одговорна членка на ЕУ и не може да си го дозволи тоа, заклучи шефот на државата


Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)