29 Март, 2024
0.0243

РСБСП со апел: Уживајте во празниците, прославете достоинствено, возете одговорно!

Објавено во: Мои пари 31 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Новогодишната еуфорија веќе силно се чувствува. Најлудата и највеселата ноќ е пред нас. Сите имаат свои планови, идеи и желби.  Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата им посакува на сите граѓани, добра забава, весело расположение  и добар помин, но истовремено потсетува дека во вакви услови важно е да се задржи здравиот разум и одговорното однесување.

 Фактот што се прославува, односно фактот што се дочекува новата година,  не ви дава за право да возете под дејство на алкохол, да бидете агресивни во сообраќајот и да не ги почитувате сообраќајните правила и прописи. Напротив, во вакви  услови треба да бидете двојно повнимателни и двојно поодговорни во сообраќајот.

Ризикот за учество на неодговорни учесници во сообраќајот за време на прославата на новогодишната ноќ е поголем од вообичаено. Временските услови, поточно ниските температури во доцните вечерни и  раните утрински  часови  ја зголемуваат веројатноста за појава на голомразица на патиштата, а со тоа дополнително  се отежнува безбедното одвивање на сообраќајот на патиштата.

Токму затоа  РСБСП со  корисни совети и препораки  до секој возач:

·  За време на новогодишните празници не го користи својот автомобил ако навистина немаш потреба.

·  Ако пиеш не вози, ако возиш немој да пиеш! Алкохолот и „воланот“ никогаш не одат заедно!

·  Брзината изнудува грешки! Уживај во празниците, уживај во возењето. Почитувај ги правилата за ограничување на брзината.

·  Празниците се време за уживање. Помини ги во кругот на семејството, уживај во друштво со најблиските. Не дозволувај една грешка, еден непромислен чекор во сообраќајот, веселите празнични денови да ги претвори во нечија семејна трагедија.

РСБСП посакува, среќни, весели и безбедни празници во секој дом.  Возете одговорно, патувајте безбедно.  Не дозволувајте празничната еуфорија да завладее со вашиот разум и да направете грешки за кои ќе се каете цел живот. Не возете под дејство на алкохол, почитувајте ги правилата за ограничување на брзината. Уживајте во празниците и  прославете  достоинствено.

„Среќна нова 2020 година“ . Вози одговорно, патувај безбедно, чувај ја насмевката на твоето лице!


Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија