20 Април, 2024
0.0251

Романски неврохирург тврди: Само на овој начин можете правилно да го одморите мозокот

Објавено во: Стил 31 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Иако нашиот мозок никогаш не спие, одморот му е неопходен! Романскиот неврохирург Влад Циуреа советува како да го стимулирате и опуштите мозокот:

„Како неврохирург често можам да го прочитам лицата на моите пациенти дека страдаат. И тоа е нормално. Неврохируршките интервенции ги плашат повеќе од самиот проблем кој го имат. Мозокот не е орган кој можеме да го контролираме. Можеби не знаете, но и на мозокот исто така му се потребни одмор и внимание“ – тврди тој, пренесува Машки магазин.

За време на одмор или празник, во искушение сме да си дозволиме себе си повеќе работи: јадеме повеќе, пиеме повеќе, седиме пред компјутер до доцна во ноќта, пушиме премногу, ја злоупотребуваме конзумацијата на кафе..

„Мозокот никогаш не спие, но постои начин за да го одморите и стимулирате. И да, на мозокот му се потребни позитивни третмани“ – објаснува неврохиргот.

Влад препорачува во ниту еден случај да не спиеме со мобилниот телефон во близина. Секое утро најпрво треба да погледнете во небото или едноставно да уживате во погледот низ прозорецот за да ги стимулирате вашите визуелни центри. Негова препорака е и да слушате музика која ви го подобрува расположението и да испиете чаша вода веднаш штом се разбудите.


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган