23 Април, 2024
0.0285

РОКОВИТЕ ГАЗАТ - кој прв ќе дојде до 61 пратеник и ќе оди по мандатот кај Пендаровски

Објавено во: Македонија 07 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Денеска е трет ден како тече рокот за обезбедување на парламентарно мнозинство и состав на новата влада. 

Иако не е тајна дека партиите преговараат со цел да обезбедат мнозинство, засега нема сигурна информација дека некој стасал до потребната бројка од 61 пратеник и е пред формирање влада. 

Вицепремиерот во заминување и портпарол на ДУИ, Бујар Османи, синоќа потврди дека стартувале официјални преговори меѓу лидерите на ДУИ, Али Ахмети и на СДСМ, Зоран Заев. Средбата, според него, била конструктивна и надежна за успешен епилог, но не и одлучувачка за таков епилог. За време на вчерашниот состанок најмногу се разговарало за враќање на изгубената доверба за време на изборната кампања. За шансите да се договорат за премиер Албанец, Османи вели дека ќе треба да се почека и дека не е коректно доколку ги објават сите позиции.

Сепак, според него, апсолутно не е точна информацијата дека Лазар Еленовски ќе биде премиер. „Ние си имавме кандидат за премиер на изборите и таквите шпекулации се со намера да и наштетат на ДУИ и да му наштетат на процесот. Во моментот кога ќе има нешто конкретно, граѓаните ќе бидат информирани. Мислам дека постои едно оптимално решение, кое ќе биде во интерес на граѓаните и на државата“, рече Османи. Тој апеираше јавноста да ги почека офицјалните информации од партиите.

Што значи изјавата на Османи дека „постои едно оптимално решение, кое ќе биде во интерес и на граѓаните и на државата“, а кое се однесува на нивното барање за премиер Албанец.Токму тоа барање, според некои информации, ги отежнува преговорите за „спој“ меѓу СДСМ и ДУИ и нивно идно партнерство во новата влада.

Од СДСМ уверуваат дека тие ќе прават влада. Некои извори дури одат дотаму што велат дека Влада може да се формира и без ДУИ, но лидерот на партијата, Зоран Заев, не би сакал интегративците да одат во опозиција. 

А, странските дипломати посакуваат што побргу да се формира стабилна влада. 

Заев вчера ја информирал германската амбасадорката Анке Холштајн дека СДСМ води сериозни разговори за формирање на ново стабилно парламентарно мнозинство и нова Влада која ќе работи во интерес на граѓаните.

„Водиме процес на разговори преку кои ќе обезбедиме сигурно стабилно парламентарно мнозинство преку кое ќе обезбедиме нова, одговорна Влада со полн четиригодишен мандат. Заради преговорите со ЕУ, заради предвидливоста и економската сигурност, потребно е стабилно парламентарно мнозинство и формирање на стабилна одговорна Влада која ќе движи брзо напред. Развој и унапредување на економијата и реформи во правосудството ќе бидат врвните приоритети на новата Влада предводена од СДСМ и тоа ќе го покажеме уште во првите сто дена од мандатот“, нагласил Заев.

И од ВМРО-ДПМНЕ, чии лидер, Христијан Мицкоски, вчера исто така имал средба со Ахмети, велат дека работат на создавање на парламентарно мнозинство.

Од оваа партија вчера беа гласни во барањето Заев да каже со кого ја договорил Владата.

„СДСМ да објават со кои партии имаат формирано парламентарно мнозинство, кои се коалиционите партнери на СДСМ, да изнесат детали, бидејќи зборовите кои што можевме вчера да ги видиме од нивна страна во медиумите, односно од нивни извори СДСМ има мнозинство не се доволни за формирање на влада, туку треба 61 пратеник да се согласат на тоа“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Според информациите, шефот на државата Стево Пендарвски ќе го чека исходот од преговорите помеѓу политичите партии. Уставот предвидува дека претседателот треба во рок од десет дена од конституирањето на Собранието да го довери мандатот за составување на новата влада на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието. 

Министерката за правда Рената Дескоска пак, вчера беше децидна дека Собранието е веќе конституирано и тече рокот од 10 дена за доделување на мандатот за состав на Влада.

„Мандатот на пратениците, согласно Уставот, тече од конститутивната седница. Не може пратениците да имаат мандат во неконституирано Собрание. Собранието е веќе конституирано на конститутивната седница“, објави Дескоска на незиниот официјален Фејсбук профил во врска со дебатата во јавноста дали Парламентот е конституиран во услови кога не е избран претседателот на законодавниот дом.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор

ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ: Ученик претепал наставничка и нападнал соученици

ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ: Ученик претепал наставничка и нападнал соученици

СОФИЈА НЕ САКА ДА ГО РЕГИСТРИРА КЛУБОТ: Maкедонците бараат Судот на правдата да ѝ ги прекине на Бугарија сите исплати на финансии

СОФИЈА НЕ САКА ДА ГО РЕГИСТРИРА КЛУБОТ: Maкедонците бараат Судот на правдата да ѝ ги прекине на Бугарија сите исплати на финансии