28 Март, 2024
0.0256

Роденденски квиз на ВИП – Со знаење и среќа до 600.000 денари!

Објавено во: Мои пари 16 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Започнува трката по главната награда од 600.000 денари од забавниот СМС награден квиз на Вип оператор, организиран во екот на прославата на шестиот роденден. Покрај за главната награда, сите Вип корисници се во трка и за дневните награди од по 10.000 денари, информираат од операторот. За да се вклучи во играта, која започнува на 16-ти септември и ќе трае до 10 ноември 2013, секој корисник треба да се регистрира со испраќање на СМС порака со содржина DA на скратениот број 1466. Откако ќе се регистрира, корисникот добива прашања, на кои доколку одговори точно, освојува поени кои можат да му донесат некоја од наградите кои се доделуваат секој ден, па дури и главната награда од близу 10.000 евра. - Родендените секогаш се поврзуваат со забава, среќа и подароци. Така прославуваме и нив во Вип, заедно со нашите корисници. Покрај роденденската понуда, им овозможивме и наградна игра во која преку забава, знаење и малку среќа можат да освојат вредни награди. И на ваков начин покажуваме дека секогаш сме подготвени да понудиме повеќе за корисниците - изјави Џакомо Тоњони, главен маркетинг директор на Вип оператор. Дневниот надомест за учество во наградниот квиз изнесува 35 денари (со вклучен ДДВ), при што сите испратени СМС пораки се бесплатни. Секој учесник во наградниот квиз добива и бесплатен тридневен тест период во кој ќе може да го провери своето знаење. Повеќе информации за наградана игра корисниците можат да добијат на веб страницата на Вип www.vip.mk или во Вип контакт центарот на 077 1234.

Можеби ќе ве интересира

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира

Мобилната вештачка интелигенција Galaxy AI ќе биде достапна на избрани модели на уредите на Galaxy

Мобилната вештачка интелигенција Galaxy AI ќе биде достапна на избрани модели на уредите на Galaxy

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во „Cevahir Mall“ во Скопје!

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во „Cevahir Mall“ во Скопје!

ТИМОТ ПРЕДВОДЕН ОД Д-Р ИЛИЕВ ИЗВЕДЕ УСПЕШНА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА 92-ГОДИШНА ПАЦИЕНТКА

ТИМОТ ПРЕДВОДЕН ОД Д-Р ИЛИЕВ ИЗВЕДЕ УСПЕШНА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА 92-ГОДИШНА ПАЦИЕНТКА

City Fashion отвори нова моно бренд продавница KARL LAGERFELD во Skopje City Mall: Добредојдовте во светот на KARL LAGERFELD

City Fashion отвори нова моно бренд продавница KARL LAGERFELD во Skopje City Mall: Добредојдовте во светот на KARL LAGERFELD

Македонија2025 доделува стипендии за четвртиот Охрид камп за високотехнолошка извонредност

Македонија2025 доделува стипендии за четвртиот Охрид камп за високотехнолошка извонредност