29 Март, 2024
0.0269

Роберт Бачовски Синколи: Мора да се казнат сите што го прекршиле законот за да владее правото

Објавено во: Македонија, Интервјуа 28 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Постои ли правда во Македонија  и дали поради владеење на правото и недоволниот степен на реформи во правосудството не добивме зелено светло за да ги започнеме преговорите за членство во ЕУ и покрај огромните жртви во меѓународната политика. Дали може да се применат решенија на експертите во реформите за тие да не бидат само израз на политичката волја на партиите како краткорочни, а не долгорочни решенија.

Затоа разговараме со Роберт Бачовски Синколи, еден од основачите и претседател на Институтот за владеење на правото. Тој е адвокат, кој работи деловно право, работни односи, граѓанско право. За Фактор вели дека мора да постои одговорност кај носителите на функции и враќање на етичките за изградба на правосудните институции во кои граѓаните сега немаат доверба.

Фактор: Владеењето на правото во С. Македонија е еден од главните услови за евроатлантските интеграции. Сепак, реформите се бавни, постои недоверба во институциите, а политиката надвладува со ад-хок решенија за акутните состојби. Која е генезата на овој огромен проблем и како да се надмине?

РБС: Проблемот со владеење на правото во вистинска смисла на зборот ја гледаме во немањето на соодветни санкции за оние кои треба да го спроведуваат правото, а кон тоа придонесува и ниското ниво на етика. Проблемот според нас би можел да се надмине со санкционирање на оние кои го кршат правото и со подигнување на нивото на етика.

Првиот аспект во кој мислиме дека треба да се менуваме и подобруваме е санкционирањето. Мора да има санкционирање за сите кои постапуваат спротивно на законите, а особено на оние кои се должни да го спроведуваат правото, но наместо тоа го повредуваат. За целосно надминување на проблемот кој го имаме, не може да се толерира за едниот да владее еден закон, а за другиот друг „закон“. Не смее да има било какво селективно постапување. Мора законите да важат еднакво и за сите. Мора да владее правото онака како што е вистинската замисла на концептот за владеење на правото. Или правда и владеење на правото за сите, или не постои правда и се крши концептот за владеење на правото.

Вториот аспект каде што сметаме дека треба да се менуваме е во подигнување на нивото на етика. Според нашите истражувања нивото на етиката кај нашиот народ е многу ниско. Нашите луѓе го кршат законот и не ни чувствуваат грижа на совест поради тоа што згрешиле. Затоа често ја слушаме изреката, „само да дојдат моите пет минути” или “па и јас да можам истото ќе го направам”. Ретко се случува да се осуди погрешниот потег и да се заземе правилен етички став. Тоа е поради ниското ниво на етика.


Фактор: Која е целта на Институтот за владеење на правото, за што ќе се заложувате и какви активности ќе преземате?

РБС: Институтот за владеење на правото планира главниот фокус да му биде во надминување на проблемите кои потекнуваат од нееднаквиот третман и ниското ниво на етика. Планираме да бидеме критичари на пропустите во санкционирањето на оној кој треба да биде санкциониран. Исто така, планираме да се залагаме за подигање на нивото на етика кај нашиот народ, а особено на оние кои го спроведуваат законот. Ќе се залагаме за еднаков пристап до правдата за сите, ќе даваме предлози за промени на лоши законски решенија и нивно подобрување. За сите активности кои ќе ги преземаме најдобро ќе биде да ја следите нашата веб страна www.ruleoflaw.mk. Сметам дека треба да напоменам дека Институтот за владеење на правото е член на Advocates International, светска организација на адвокати, судии, јавни обвинители и други професионалци од областа на правото со преку 30000 членови во преку 150 земји. На тој начин имаме отворена врата за соработка со преку 30000 адвокати, судии, обвинители и правни професионалци кои се нејзини членови, и ни стојат на располагање на секаков начин, што значи дека ќе бидат наши партнери во борбата за унапредување на владеењето на правото кај нас.

Фактор: Верувате ли дека правото и заложбите, препораките и идеите на стручната јавност може да бидат земени во предвид при наоѓање на финално решение за СЈО со реформата на обвинителството без да се меша политиката, односно партиите да се надминат себеси и да не се водат од дневно политичките интереси?

РБС: Секако дека препораките и идеите на стручната јавност може да бидат земени предвид и се надеваме дека ќе бидат земени во предвид. Меѓутоа, според нас суштината на реформата не би се постигнала дури и да не се меша политиката. Да, подобро би било да не се меша политиката и нивните интереси во финалното решение, но тоа сметаме дека нема да направи реформа. Веруваме дека реформата може да се постигне само со високо ниво на етика и санкции за оние кои го повредуваат законот. Високо ниво на етика самото по себе резултира политиката да нема влијание на правосудството.

Фактор: Постои ли правда за граѓаните на С. Македонија, како да се зголеми вербата во системот, да се елиминира корупцијата и неефикасноста?

РБС: Правда постои, меѓутоа постои и голема недоверба во правосудните органи. Не можеме да кажеме дека правдата е задоволена кога се носи правилна пресуда за која пресуда се чека со години и години. Токму поради тоа постои и изреката „Одложената правда е неправда.“. Она што го лоцираме како проблеми кои се пречка за владеењето на правото, сметаме дека се и главните проблеми поради кои има голема недоверба во правосудниот систем. Елиминирањето на корупцијата и неефикасноста може да се постигне само со санкционирање и повисока етика. Секако, тоа не доаѓа преку ноќ, туку е нешто за кое што треба долго и упорно да се работи.

Фактор: Постои голема неизвесност околу започнувањето на преговорите за членство во ЕУ. Но, ако бидеме оптимисти и добиеме зелено светло какви капацитети ќе треба да се вложат од наша страна при отворање на поглавјата, особено во делот на правосудството и човековите права?

РБС: Членството во ЕУ и отворањето на преговори бараат и големи заложби од нас како држава. Реформите во правосудството се прават веќе подолго време, законите се менуваат и се подобруваат, но Европската Комисија има за задача да оцени дали тие закони ние навистина ги применуваме и како ги променуваме. При отворањето на поглавјата, како што стои и во самите извештаи, ќе треба да правиме одредени промени, и не само во однос на тоа каков закон ќе донесеме или дали ќе ја испочитуваме процедурата, туку повеќе од суштински аспект, дали тие закони навистина ќе се применат во праксата и ќе функционираат онака како што се замислени да функционираат.

Притисоците кои се вршат врз судиите и јавните обвинители доаѓаат од повеќе правци, а од друга страна, судиите, обвинителите и другите „градители“ на правосудниот сектор не се чуствуваат безбедно да се потпрат на веќе разнишаните заштитни правни механизми и затоа не можат да постапуваат независно. Сметаме дека најдобриот начин за справување со корупцијата е строгото санкционирање, а како може да се санкционира секој престап? Со строг мониторинг. Секој да има одговорност пред некој. Треба можеби да учиме од земјите каде нивото на корупција е најмало.

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење