28 Март, 2024
0.0324

Ризница на симптоми и дијагнози за детски болести: Промовирана книгата на проф. д-р Зоран Трајковски

Објавено во: Мои пари 21 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Во 17 поглавја, секое насловено по посебен водечки симптом, проф. д-р Зоран Трајковски во својата нова книга Практична педијатриска радиологија - од симптом до дијагноза, прецизно прави елаборација на симптомите, сè до дијагноза на болестите. Книгата беше промовирана вчеравечер во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Во време кога домашните автори, доктори специјалисти и професори сè помалку пишуваат, новото дело на проф. д-р Трајковски, еден од врвните радиолози и радиодијагностичари во земјава, е вредно четиво за специјализанти, студенти, доктори…

„Книгата е практична затоа што може да ја отворите и веднаш да видите тоа што ве интересира, да го видите главниот симптом и како најбрзо да се стигне до дијагноза. Педијатриска е затоа што најмногу теми се од детската патологија. Користени се најбрзи протоколи за дијагностика. Инаку, лично доста ме радува што излезе делото. Во ова време во државата сè помалку се пишува, па секоја нова книга е вредност. Концептот на пишување е невообичаен, затоа што не пишував само за радиологија и радиодијагностика“, вели проф д-р Зоран Трајковски.

Книгата има примери, фотографии, шеми и е практична литература за луѓе на специјализација по радиологија, по педијатрија, по фамилијарна медицина, за матичните доктори, за специјализација по детска хирургија, хирургија.

Промоцијата на книгата беше во присуство на доста гости, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј “, проф. д-р Никола Јанкуловски, деканот на Медицинскиот факултет, г-ѓа  Соња Топузовска, и менаџментот на болницата.

На промоцијата зборуваа рецензентите на книгата, академик Нада Поп – Јорданова, самата автор на над 400 научни трудови, објавени во меѓународни научни списанија, и почитуваниот проф. д-р Перо Петровски.

Можеби ќе ве интересира

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери