25 Април, 2024
0.0359

Ристевски: Во Битола се појави пијавица која е еден вид на торнадо, но со слаб интензитет

Објавено во: Македонија 21 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

Атмосферската појава во Битола е метеоролошка појава која е позната под името тромба или пијавица и е еден вид на торнадо,  но со слаб интензитет, вели метеорологот Пеце Ристевски, за она што се случи во селото Живојно.

Додава дека тоа е силен воздушен вртлог во форма на трупец или инка.

„Се спушта од долните делови на облаците кон земјата, со скоро вертикална или коса оска од  облаците кумулуси или почесто од кумулонимбусите со бурни електрични празнења и понекогаш и со појава на град. Тромбите или пијавиците обично се јавуваат при силна конвекција во лето или есен над топла вода. Тие се јавуваат на Јадранот, обично над морската површина и се состојат од капки вода подигнати од морето или од кондензирани капки од облаците. Во последно време тромбите се повеќе се јавуваат на копното, на места каде што никогаш порано не се случило. Во Славонија и другите делови на Хрватска, потоа во Србија, односно во Војводина. Исто е случај и во другите делови на Европа, каде во последните години тромби често се појавуваа во северна Германија. Кога пијавиците се формираат над копно, тие содржат прашина и песок. Тромбaта може да се премести од површината на водата кон копното каде што брзо исчезнува, заради триењето со земјината површина  но пред тоа, поради својата голема деструктивна моќ, тој уништува покриви, крши гранки и дрвја, а исто така се случува и да оштетување на  автомобили и други предмети“, вели Ристевски. 

Додава дека оваа појава често е придружена со грмотевици.

„Има дијаметар од 20 до 100 метри и обично трае околу 20 минути. Брзината на ветерот кај пијавиците на Јадранот е до  80 км / час. Условите за појава на тромби се продирање на ладен воздух од континентот до топла морска површина“, вели Ристевски.

Објаснува дека постои посебна скала на јачината на торнадата со 12 градации, при што најниската е како слаб торнадо од 61до 86 км/час додека највисоката до 433км/час. 

„Во нашите подрачја највисока брзина на ветровите е регистрирана на метеоролошката станица Тополчани која 154 км/час која е во рамките на силните брзини на ветовите односно на четвртиот степен на скалата на TOROO-скалата“, додава тој.

Вели дека во нашите климатски услови имало појава на тромба или пијавица на Преспанското езеро, која во целост е блиска со она што се случуваше во Битолско, но е појавена над копното, што е ретка метеоролошка појава, а е почеста над водена површина.

Инаку торнадата најчесто се јавуваат во САД и во некои делови од Европа. Карактеристичен пример на опасно и со разорно дејство е она торнадо што пред извесно време се случи во Чешка со големи материјални штети.

Ваквата појава, во последно време може да биде поврзана со климатските промени и со глобалното затоплување.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТВОРИЦА ПОВРЕДЕНИ, МЕЃУ КОИ И ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ: тешка сообраќајка на патот Велес - Градско

ЧЕТВОРИЦА ПОВРЕДЕНИ, МЕЃУ КОИ И ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ: тешка сообраќајка на патот Велес - Градско

ДАЛИ ОПОЗИЦИЈАТА ОСТВАРИ НЕДОСТИЖНА ПРЕДНОСТ ПРЕД ВТОРИОТ КРУГ НА ГЛАСАЊЕ - BBC на српски со анализа за огромната победа на ВМРО-ДПМНЕ

ДАЛИ ОПОЗИЦИЈАТА ОСТВАРИ НЕДОСТИЖНА ПРЕДНОСТ ПРЕД ВТОРИОТ КРУГ НА ГЛАСАЊЕ - BBC на српски со анализа за огромната победа на ВМРО-ДПМНЕ

КИСЕЛА ВОДА НАЈМНОГУ ОД СИТЕ ЈА САКА ДАВКОВА, ЦЕНТАР, СЕПАК, СО НАЈМАЛА РАЗЛИКА - еве како гласаа скопските општини

КИСЕЛА ВОДА НАЈМНОГУ ОД СИТЕ ЈА САКА ДАВКОВА, ЦЕНТАР, СЕПАК, СО НАЈМАЛА РАЗЛИКА - еве како гласаа скопските општини

ЗАМИНА УШТЕ ЕДНА ЛЕГЕНДА - почина познатиот менаџер Велибор Џаровски - Џаро

ЗАМИНА УШТЕ ЕДНА ЛЕГЕНДА - почина познатиот менаџер Велибор Џаровски - Џаро

ГРАЃАНИТЕ ГО ОТПИШАА СДСМ, ДА ЗАПНЕМЕ СИТЕ ЗАЕДНО ДА ГИ ОТПИШЕМЕ И ДУИ: Ангелов вели сега или никогаш

ГРАЃАНИТЕ ГО ОТПИШАА СДСМ, ДА ЗАПНЕМЕ СИТЕ ЗАЕДНО ДА ГИ ОТПИШЕМЕ И ДУИ: Ангелов вели сега или никогаш

„Ако ЕУ барем малку нѐ почитува, ќе забрани азил на македонски функционери“: еве што вели доктор Беќаровски

„Ако ЕУ барем малку нѐ почитува, ќе забрани азил на македонски функционери“: еве што вели доктор Беќаровски

„Ај честито влез во БРИКС во комбинација со нова преговарачка рамка со ЕУ“: Колозова распали по изборните резултати, еве што вели

„Ај честито влез во БРИКС во комбинација со нова преговарачка рамка со ЕУ“: Колозова распали по изборните резултати, еве што вели

МАКСИМ ПОБЕДИ ВО КУМАНОВО, ЈАКИМОВСКИ ГО ЗАГУБИ КАРПОШ, ТАРАВАРИ СО ТЕСНА ПОБЕДА ВО ГОСТИВАР: Попрецизна анализа на изборниот исход

МАКСИМ ПОБЕДИ ВО КУМАНОВО, ЈАКИМОВСКИ ГО ЗАГУБИ КАРПОШ, ТАРАВАРИ СО ТЕСНА ПОБЕДА ВО ГОСТИВАР: Попрецизна анализа на изборниот исход

„НАБРГУ ЌЕ ВИДИТЕ ДЕКА СЕ САМО НОВО ПАКУВАЊЕ НА ИСТА МАТРИЦА“: Ванковска вели дека изборот е социјализам или варварство

„НАБРГУ ЌЕ ВИДИТЕ ДЕКА СЕ САМО НОВО ПАКУВАЊЕ НА ИСТА МАТРИЦА“: Ванковска вели дека изборот е социјализам или варварство