20 Април, 2024
0.0267

РЕЗУЛТАТИТЕ СЕ ОХРАБРУВАЧКИ: Компанијата Мерк работи на орален лек против ковид 19

Објавено во: Свет 07 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Фармацевтскиот гигант Мерк и лабораторијата на САД вчера објавија напредок во тестирањето на орален лек против ковид-19, антивирусен лек кој има позитивно влијание врз намалувањето на вирусното оптоварување.

„Бидејќи има потреба од антивирусен третман САРС-КоВ-2, ние сме охрабрени од овие прелиминарни резултати“, рече Венди Пеинтер, официјален претставник на „Риџбек биотерапевтика“.

Мерк ја прекина работата на две потенцијални вакцини против ковид-19 кон крајот на јануари, но продолжува со истражување на два лека против оваа болест, вклучувајќи го и молнупиравир, развиени со американската фирма Риџбек био

„Лекот значително го намали вирусното оптоварување кај пациентите по петдневно лекување“, соопшти компанијата во саботата на состанокот со експертите за заразни болести.

Втората фаза на тестирање е спроведена на 202 пациенти кои не биле хоспитализирани и имале симптоми на ковид-19.

Лековите против грип како што се оселтамивир (Тамифлу) и занамивир (Реленза) понекогаш се препишуваат против сезонски грип, а сега се прави обид да се најде лек за ковид-19.

Резултатите од оваа студија ветуваат, „особено побрзо намалување на вирусното оптоварување на луѓе кои имаат ковид-19 во раните фази и кои добиле молнупиравис“, вели Вилијам Фишер, еден од директорите на студијата и професор по медицина на Универзитет во Северна Каролина.

Мерк работи и на лекот МК-711 и првите резултати од клиничките испитувања покажуваат дека ризикот од смрт или респираторна инсуфициенција кај хоспитализирани пациенти со умерена или тешка форма на ковид-19 е намален за повеќе од 50 проценти, објави компанијата на крајот јануари.

Можеби ќе ве интересира

ЗА ТРИ ГОДИНИ: Триста илјади Полјаци од странство се вратиле дома

ЗА ТРИ ГОДИНИ: Триста илјади Полјаци од странство се вратиле дома

ИМААТ ПОВЕЌЕ ОД ИЛЈАДА ВОЈНИЦИ: САД ја повлекуваат војската од Нигер

ИМААТ ПОВЕЌЕ ОД ИЛЈАДА ВОЈНИЦИ: САД ја повлекуваат војската од Нигер

ДЕТЕ ВО ТЕКСАС СЕ ЗАКАНУВАЛО НА СОУЧЕНИК: Во полиција открило дека пред две години убило човек

ДЕТЕ ВО ТЕКСАС СЕ ЗАКАНУВАЛО НА СОУЧЕНИК: Во полиција открило дека пред две години убило човек

ЗАГИНА ПРИ НАПАД СО ДРОН: Во Украина е убиен руски новинар

ЗАГИНА ПРИ НАПАД СО ДРОН: Во Украина е убиен руски новинар

(ВИДЕО) УКРАИНА ГО ГАЃАШЕ БЕЛГОРОД: Загинаа две лица

(ВИДЕО) УКРАИНА ГО ГАЃАШЕ БЕЛГОРОД: Загинаа две лица

ГАЗА: На секои 10 минути едно дете е убиено или повредено

ГАЗА: На секои 10 минути едно дете е убиено или повредено

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори