25 Април, 2024
0.0323

Ревизија: Државата трошела милиони за информациски систем за јавна администрација кој не функционира

Објавено во: Економија 04 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Државата потрошила пари за да набави ситем за евиденција на вработените во јавната администрација и да ја зголеми нивната ефикасност, а во последните години дополнително за него се трошени милиони, а системот не функционира, утврдил Државниот завод за ревизија. Во извештајот кој се однесува на Министерството за информатичко општество и јавна администрација, ревизорите отвораат сомнежи за фукционалноста на таканаречениот „Интергиран систем за управување со човечки ресурси (ИСУЧР) кој првично бил набавен во 2014 година и за него тогаш се платени два милиони евра.

Овој систем е сочинет од четири интегрирани модули и тоа за персонална евиденција, пресметка на плата, генерирање извештаи и за управување со учиинок. Ефектот од овој систем требало да е прецизен регистар на вработените во јавниот сектор, да се подобри ефикасноста на администрацијата, да има точни информации за вработените и да се намалат трошоците поврзани со вработените. Сепак тоа не се постигнало. Напротив и покрај постоењето на системот Министерството за информатичко општество составувало Годишен извештај за администрацијата кој не содржел исти податоци со тие од ИСУЧР.

Ревозирите откриваат дека според овој систем во 2018 година има 1.310 државни институции со пријавени 78.320 лица вработени во нив, додека во Годишниот извештај што го изготвило Министерството било напишано дека има 1.314 институции со 132.068 лица кои се во работен однос. Ревизијата утврдила дека разликата е видлива и дека се јавува само поради тоа што во системот које платен не се внесувале податоци.  Во дури 201 институција немало внесено ниту еден вработен.

Дополнително за системот кој практично не функционира биле потрошени нови пари. Имено ревизијата утврдила дека само во 2018 година овој систем ја чини државата 343 илјади евра. Годинава е објавен нов тендер за подобрување на функционалноста на системот вреден над 810 илјади евра.

„Ваквата состојба упатува на тоа дека основните цели за кои е воспоставен ИСУЧР не се реализираат согласно утврдената динамика, а за воспоставување и одржување на истиот во изминативе четири години се направени значајни расходи. Ревизијата укажува дека во февруари 2019 година Министерството објавило оглас за доделување јавна набавка за модернизација на веќе постоечкиот информациски систем за управување со човечки ресурси, со кој помеѓу другото, се планира и воведување на нови функционалности и развивање на нов модул за управување на работени процеси на проценета вредност од 50 милиони денари. Во периодот на известување, јавната набавка сеуште не е завршена, стои во извештајот на Државниот завод за ревизија.

Државниот завод за ревизија прави доплнителна ИТ ревизија на овој систем.

 А.Т.


Можеби ќе ве интересира

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ