Ретко кој носи маска, казнети 474 лица
Објавено во: Македонија 05 Јули, 2020
Во текот на изминатото деноноќие на 4 и 5 јули во цела држава по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 474 прекршоци, објави Министерството за внатрешни работи.
Оттаму апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.