Ременски: Во некои институции не треба да има вработувања во наредните 15 години
Објавено во: Економија 19 Април, 2018
Фунционерката на СДСМ, Фросина Ташевска Ременски, во дебата со градоначалникот на Кавадарци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев, истакна дека во некои институции не би требало да има нови ангажирања на службеници во наредните 15 години поради преголемата вработеност.
Во емисијата „Само Вистина“ пратеничката и поранешна министерка за труд и социјална политика наведе дека Владата на РМ ќе вработува само квалитетни кадри, додека партиски пополнувања на работните места нема да има.
- На раководните позиции околу 20 насто од функционерите доаѓаат од старата гарнитура на власт. Може да се каже дека и сите нововработени од времето кога ВМРО-ДПМНЕ чувствуваат една релаксираност, бидејќи сега никој не ги уценува да одат на протести - рече меѓудругото Ременски.