29 Март, 2024
0.0267

РЕМЕНСКИ СО НОВИ ДЕТАЛИ ЗА ФАЛСИФИКУВАЊЕТО ПАСОШИ - дали ова ќе остане на фотографот, шалтерџијата и портирот

Објавено во: Македонија 10 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Како што и најави, професорката на Факултетот за безбедност и поранешна пратеничка Фросина Ременски, објави нови детали од аферата со фалсификување пасоши.
Таа сега го поставува прашањето како Седат Пекер влезе во центарот за персонализација на пасоши на МВР.
Еве што пишува Ременски.

„Во скоро сите земји во кои се израборува и издава биометриски пасош според меѓународните стандарди и спецификации за изработка на биометриски пасоши кои ги пропишува Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO) при ООН за информирање на граѓаните, за потребите на стручната јавност и за науката, ЈАВНО Е ПОЗНАТА технологијата и процедурата за изработка на биометриски пасош и што се' содржи тој. Скоро и да нема тајни околу софистицираноста и податоците кои се содржани во биометрискиот пасош.

ВРВ на оваа транспарентност е Германија, чиишто пасош е рангиран на ТОП ЕДЕН местото во светски рамки. Високиот процент на Германци кои без никакво воздржување и на доброволна основа ги дозволуваат своите биометриски податоци на јавните власти во Германија кои се вградени во софистицираната електронска документација на Германците е заради ДОВЕРБАТА ВО СИСТЕМОТ НА ЗАШТИТА на нивните лични и биометриски податоци. Од тие причини Германија стана европски лидер во градењето на регулативата и системите за размена и заштита на биометријата за граѓаните во Европа во рамките на европските институции.

Иако нашиот биометриски пасош ги следи меѓународните стандарди и спецификации на ICAO, заради што и влеговме во зоната на визната либерализација, при што нашиот пасош беше рангиран како 47-ми по безбедност, сепак кај нас НЕ Е ЈАВНО ПОЗНАТА технологијата и процедурата за изработка на пасошот

Биометрискиот пасош е документ кој содржи елементи на заштита од фалсификување...

Ако ги прашате граѓаните на кој начин се издава биометриски пасош во државата, малкумина ќе ја знаат постапката за аплицирање, од аспект – каде и како се аплицира, кој образец се пополнува, кој податоци се бараат итн. Но, секој втор ќе знае да каже дека за пасош се чека, потребни се врски, не работи телефонот за закажување на сликање и дека се чека подолго време додека се земе. А скоро никој, или ретко кој знаат дека пасошите не ги прават момите и момчињата што сликаат, зимаат отисок од прсти и електронски потпис во една мала канцелариичка во зградата на МРТВ.

Откако пукна системскиот скандал со тргување со идентитети за оргинални биометриски пасоши, и откако ги прикажаа (по медиумски стандарди) приведените фотографи и контролори од Секторот за управно-надзорни работи при МВР, нема човек што нема да поверува дека тие 9-те приведени се најодговорните во овој скандал со меѓународна димензија (ако се има во предвид значењето на погоре пишаното)

Која АЛКА во синџирот фали

Сите светски агенции задолжени за заштита на биометријата во меѓународната кореспонденција зборуваат за ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА на ЧИПОТ со биометриски податоци и ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА на втората страна од пасошот со личните податоци на сопственикот на пасошот

ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈАТА е третата и најважна фаза во изработка на биометриски пасош

Првата фаза е пополнување на образец за издавање на патна исправа, па идентификација, па сликање, па потпис, па оставање отисок и чек-ливче дека чекате пасош за подигање

Втората фаза е увидот во документите врз основа на кои се издава пасошот – лична карта, извод на родени, извод од државјанство, споредба со податоците со друга сродна база (возачка дозвола и сл.) Доколку во оваа фаза се покажат сомневања во основаноста на барањето и валидноста барем на еден од документите како основ, процесот застанува и не оди во трета фаза.

Третата фаза – фазата на ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА на пасошот може да се случи ЕДИНСТВЕНО ако не постои никакво сомневање околу ОСТАВЕНИТЕ податоци од барателот и совпаѓањето и автентичноста на податоци со податоците во постоечката база. Ако сите овие КОНТРОЛНИ проверки и пребарувања се извршени со 100 отсто сигурност, ПЕРСОНАЛИЗАТОРОТ кој во основа ГО ИЗРАБОТУВА биометрискиот пасош пристапува кон изработка (требување на обрасци и изработка на пасошот по ICAO стандардите)

Подигањето на пасошот е повторно по тие ходници и шалтер – слично на амбиентот при поднесување.

Кој ја прави ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈАТА

Во рамките на МВР во рангот на првите организациски единици кои се сервис на скоро сите други единици е Одделот за информатика и телекомуникации со кој раководи Помошник на Министерот и Началници на секое одделение или отсек. Познат Помошник Министер на овој многу важен Оддел во МВР беше Небојша Стајковиќ познат по Финзи, Ексико, Телеком, Коста Крпач, Трезор итн., итд.

Во рамките на тој Оддел за информатика и телекомуникации срамежливо се крие Отсекот за персонализација на документи со кој раководи Началник и во кој работат околу 30-тина души. Она што е многу важно за овој Оддел, а особено за овој Отсек е строгата потреба од физичка, административна, информациска и комуникациска безбедност на самиот процес на ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА на патните исправи

Тука ќе застанам ...

До следното продолжение ќе почекам да видам дали „стручната“ дискусија за порозноста и корумпираноста на системот ќе се сведе на фотографот, шалтерџијата, контролорот на фотографот и портирот (фамозните управни служби), или пак, ќе постои потреба за поголема транспарентност на процедурните за изработка и издавање на пасошите тука.

Кој се добил пасош, врз основа на кое државјанство, извод на родени, лични карти и биометриски податоци ќе почекам да ни кажат и други – попаметни од нас и нашите институции. А до тогаш, ќе "претпоставам" чии идентитети се крадени и продавани, каде се фалсификаторите кои на незконски начин го опремија МВР со опрема, апаратури и терминали кои дремат по ќошиња, за да може „системот“ на тргување со идентитет да биде БЕЗ КОНТРОЛА на тие што ЧИПИРААТ и што мислат дека сите ние сме ЧИПИРАНИ и вештачки.

За следното продолжение ....“, пишува во својот детален пост Фросина Ременски.

https://www.facebook.com/frosina.remenski/posts/4096547677043122

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење