29 Март, 2024
0.0767

Рекордни 48 милиони евра извоз на Џонсон Мети само во ноември

Објавено во: Македонија 08 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Ексклузивно: Фактор објавува до каде е изградбата на вториот погон на британската фабрика Џонсон Мети во технолошко индустриската развојна зона Бунарџик.  Катерина Попоска Британскиот производител на катализатори, Џонсон Мети, во ноември оствари рекордно производство откако стартуваа со производство, пред две години, во зоната во Бунарџик. Фантастични 48 милиони евра чинат произведените 426.000 катализатори само во ноември годинава, ексклузивно дознава Фактор. Проекциите покажуваат дека  со оствареното производство и извоз на катализаторите, Џонсон Мети најверојатно ќе има раст на извозот годинава од 17% во споредба со извозот реализиран во 2011 година. „Ако се земе предвид дека оваа година е криза секаде во светот, како и тоа дека производството на автомобилската индустрија во Европа е намалено во просек за 10%, успехот на Џонсон Мети е уште поважен, не само за компанијата, туку и за Македонија, од каде оваа фабрика произведува автомобилски делови за Европскиот пазар. Минатата година Џонсон Контролс и Џонсон Мети имаа контрибуција од 16,3% во вкупниот извоз на Македонија, така што зголементото производство на Џонсон Мети во време кога остатокот од македонската економија има намален извозен обем, на крајот од годината може да очекуваме дека извозт од технолошко-индустриската развојна зона Бунарџик и оној од зоната во Штип ќе изнесува над 20% во рамките на вкупниот извоз на Македонија“, вели за Фактор директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони“, Виктор Мизо. Тој додава дека Џонсон Мети најавуваат уште поголема активност во јануари следната година, како резултат на новата легислатива за издувните гасови којашто ја донесе Европската унија, а која стапува на сила од 2013 година. Се работи за нови Еуро 6 стандарди за контрола на штетните емисии на лесни и тешки возила, поради што ќе треба да се монтира нов вид на катализатори во автомобилите. Од она што може да се види на терен е дека британскиот инвеститор активно работи на завршување на вториот погон од фабриката во Бунарџик, во кој ќе има две нови производни линии. Според Мизо, машините треба да почнат да стигнуваат во погоните веќе во првиот квартал од 2013 година. „Најавата е дека во септември следната година ќе почне производството и од вториот погон на фабриката. Но, мора да се земе предвид дека ќе има период на  пробно производство, кое ќе почне многу порано. Со текот на времето Џонсон Мети најави дека ќе го дуплира производството, односно ќе има дуплирање по волумен на самиот катализатор. Во вората фаза ќе има производство на катализаторти и за тешки дизел возила, кои се многу погабаритни од обичните катализатори“, објаснува Мизо. Според финансиските податоци за работењето на македонскиот пазар, минатата година Џонсон Мети оствари вкупни приходи од 450 милиони евра. Заклучно со декември минатата година пак, Џонсон Мети произведе вкупно пет милиони катализатори. Во продолжение, погледнете до каде е изградбата на вториот погон на Џонсон Мети во Бунарџик.

Можеби ќе ве интересира

ЗА УБИСТВОТО ВО ЖЕЛЕЗАРА: До овој момент не се обезбедени докази кои даваат основано сомнение дека лицата лишени од слобода се сторители на делото

ЗА УБИСТВОТО ВО ЖЕЛЕЗАРА: До овој момент не се обезбедени докази кои даваат основано сомнение дека лицата лишени од слобода се сторители на делото

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите