РЕКОРДЕРИ ВО ЕВРОПА: БДП на земја од регионот отиде на дното
Објавено во: Економија 23 Септември, 2020
Многу голем пад на БДП има Црна Гора.
Таа стана „рекордер“ во Европа по намалувањето на БДП.
Падот изнесува 20,2 проценти, и тоа е трет најголем пад на континентот.
Вредноста на остварениот БДП, имено, во вториот квартал од годинава изнесува 900,5 милиони евра, а во истиот период лани тој бил 1,15 милијарди.
Тоа е пад од 20,2 проценти, како што објави денеска црногорската администрација за статистика, Монстат.
Проценката на сега во заминување владата на Душко Марковиќ беше дека БДП годинава ќе падне за 6,8 проценти.
Просечниот пад на економиите во земјите на Европската унија беше 14%.
Од април до јуни, полоши од Црна Гора се Шпанија со 22,1 процент и Велика Британија со 22,8 проценти.
Во регионот, Србија имаше намалување на БДП од 6,4 проценти, Словенија 13 проценти и Хрватска 15,1 процент.
Читајте уште
НОВА ЛИСТА: Познато е кои се десетте најбогати држави во светот