Регистриран е нов земјотрес во Хрватска
Објавено во: Балкан 04 Јануари, 2021
Нов земјотрес ја стресе Хрватска.
Земјотрес со јачина од 3,3 степени по рихтер е регистриран во Хрватска, објави Сеизмолошката служба. Земјотресот се случи токму во моментот додека репортерот на ТВ Нова во живо известуваше за оштетените куќи и населбите кои немаат електрична енергија.
Хрватскиот сеизмолог Крешимир Кук изјави дека е мала веројатноста дека може да се случи нов силен земјотрес во областа Петриња и во загрепското подрачје.
Скоро 300 земјотреси имало за 6 дена во Петриње.
foto EPA