Регион во Италија плаќа за да донесе нови жители
Објавено во: Свет 12 Септември, 2019
Во јужна Италија има регион во кој има малку жители, и тој нуди 700 евра месечно за три години за живеење во едно од нејзините села.
Но, постојат некои услови. Селото мора да има помалку од 2.000 жители, а новодојдениот мора да вети дека ќе отвори бизнис, пишува „Гардијан“, пренесува Телеграфи.
Сакавме да направиме повеќе, сакавме луѓето да инвестираат тука. Тие можат да отворат секаква активност: пекара, ресторан. Тоа е начин да дише животот во нашите села, а истовремено и да се зголеми популацијата“ – изјавил Донато Тома, претседател на италианскиот регион Молисе.
Тома исто така информираше дека секој град со помалку од 2.000 жители ќе прима 10,000 евра месечно за изградба на инфраструктура и промовирање на културни активности.
Италија се смета како единствена голема европска економија, чие население се очекува да се намали уште повеќе во наредните пет години, според Обединетите нации. Таа се рангира на второто место – по Јапонија – како земја со најголем процент на стари лица.