06 Јуни, 2020
0.0553

Ребрендирањето на Вип во А1 ќе донесе многу изненадувања за корисниците

Објавено во: Економија 23 Мај, 2019

Компанијата Вип го заврши првиот квартал годинава со завидни резултати, впрочем како и во последните десет години во кои растот е над 30 отсто во време кога секторот бележеше пад, вели Мислав Галер, директор на компанијата Вип. Оваа година треба да заврши ребрендирањето на Вип во А1, што според најавите, ќе донесе и нов квалитет во услугите за корисниците. Галер од Виена, од седиштето на компанијата, вели дека во следниот период ќе се фокусираат на нови инфраструктурни инвестиции и се наметнуваат како сериозен партнер со корисниците.


„Македонскиот пазар е пазар на кој има можност за нови инвестиции и ние сме фокусирани на тоа. Во земјата има тренд на зголемување на телеком операторите, иако според мене, ако зборуваме за оператор кој би инвестирал во сопствена ифраструктура, во комплетно нова мобилна мрежа, моето лично мислење е дека нема доволно простор. Тоа се многу големи инвестиции и ние како постоечки оператори секоја година инвестираме во нова инфраструктура, вели Галер.

Компанијата е ја надоградува сега сопствената мрежа и прави подготовки за новата генерација односно за 5Г мрежата. Станува збор за сериозни инвестиции кои целосно се трошок на телеком компаниите.


Томас Арнолднер, извршниот директор на А1 вели дека ребрендирањето тече и процесот ќе заврши до крајот нагодината. Корисниците нема да потпишуваат нови договори, но ќе има многу позитивни изненадувања за нив.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

Загрозени 40.000 работни места во Македонија

Загрозени 40.000 работни места во Македонија

НАЈСЛАБ РАСТ ОД 2009: Aвстралија влезе во рецесија

НАЈСЛАБ РАСТ ОД 2009: Aвстралија влезе во рецесија

СТАТИСТИКА: Во Македонија невработеноста е 16.2 отсто

СТАТИСТИКА: Во Македонија невработеноста е 16.2 отсто

Kaко Меркел ќе ја спаси Германија од корона кризата?

Kaко Меркел ќе ја спаси Германија од корона кризата?

ПАНДЕМИЈАТА СИ ГО НАПРАВИ СВОЕТО: Затворени вратите за работа во Германија и Австрија

ПАНДЕМИЈАТА СИ ГО НАПРАВИ СВОЕТО: Затворени вратите за работа во Германија и Австрија

НИЗ СКОПСКИТЕ МАРКЕТИ СНЕМА ЛЕБ - сите пазарат за карантинскиот викенд

НИЗ СКОПСКИТЕ МАРКЕТИ СНЕМА ЛЕБ - сите пазарат за карантинскиот викенд

НАЈГОЛЕМ ПАД ПО 1999: Европјаните помалку трошеле во април

НАЈГОЛЕМ ПАД ПО 1999: Европјаните помалку трошеле во април

НИКОЈ НЕ Е ИМУН НА КРИЗАТА: 50.000 Хрвати останаа без работа

НИКОЈ НЕ Е ИМУН НА КРИЗАТА: 50.000 Хрвати останаа без работа

ЕВН: Порамнети и корегирани сметки добиват корисниците, од 15 април броилата се отчитуваат

ЕВН: Порамнети и корегирани сметки добиват корисниците, од 15 април броилата се отчитуваат