Реакција на СДСМ: Изградивме систем за борба против корупција
Објавено во: Македонија 16 Јули, 2019
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија се огласи по вчерашното отворање на случајот „Рекет“ и спорведувањето на Бојан Јовановски и ЗОран Милевски во притвор, како и одземањето на мобилниот телефон на специјалната обвинителка Катица Јанева од страна на МВР.
„За СДСМ актуелниот случај покренат од обвинителството е доказ дека постои заштитен механизам на релација граѓани – обвинителство – МВР кој го штити општеството и кој може да се справи со евентуални случаи на корупција.Државата изгради институции и создаде систем коишто се борат против корупцијата и криминалот. Сите се еднакви пред законите, а правда мора да има“, се вели во соопштението од Бихаќка.
СДСМ ги охрабрува и ги повикува надлежните институции да спроведат длабинска и независна истрага, да постапуваат исклучиво според законите со крајна цел владеење на правото во нашата земја.
„Правосудните процеси за овој, но и за сите други случаи, мора да се спроведат до крај и правдата да биде задоволена, во интерес на граѓаните и државата“, се додава во истото.