25 Април, 2024
0.0274

РАЗВОЈ НА ЗАЕДНИЧКАТА АГРАРНА ПОЛИТИКА НА ЕУ И ШИРЕЊЕТО НА ИСТОК

Објавено во: Колумни 12 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

2 ДЕЛ

Ширење на ЕУ и развој на заедничката аграрна политика.

Преговорите за членство во ЕУ на страните кандидати се покажува како особено тежок и долг период во областа на земјоделството. Причините за тоа се познати – сложена скапа и често противречна заедичка политика на Унијата, релативно голем дел на земјоделството во економијата на кандидатите во однос на учеството во БДП и вработувањето, голема политичка важност на земјоделското лоби во момент на петнаесетте земји членки во Унијата. Постојат многу истражувачи и многу истражувања но нивната заедничка ознака, дека се базираат на многу умерено придвижување во измената на заедничката аграрна политика. Недостасува анализа на новите можности, кои ширењето на Исток ги создава за развој на европското земјоделство. Можности кои се  сосема блиски со постигнувањата на целите на политичката формулирана во  “Програма 2000”.

  Предизвиците при заедничката аграрна политика во однос на проширувањето, авторите на ЕУ го прифаќаат како нешто несомнено дека ќе се случува:

-Либерализација на светската трговија со земјоделски производи во среден рок ќе биде умерена.

-Во источните земји членки недостасуваат политички услови за реформите на заедничката аграрна политика.

-Актуелната политика на ЕУ е неприкосновена во иднина.

-Тешкотиите од настанатите проблеми ќе се прифаќаат без условно од земјите членки.

-Успешно адаптирање на земјите кандидати кон воспоставените правила зависи пред се од нивните  сопствени сили.

  Логично е да не се поставува прашање што добива Унијата од ширењето на Исток. Сепак има ли таква потенцијална добивка и може ли таа да се реализира?

  На прво место , тоа што е вистина за економијата во целост, вистсина е и за земјоделството, бидејќи долгорочно ширињето е без сомнение економски погодно за Унијата, како последици на создавањет на заеднички простор со околу 500 милиони потрошувачи. Според  “Програма 2000” се открива можност за ново кооперирање во производството врз база на споредбени предности на одделни земји.

  На второ место, ширењето ќе овозможи економските претпоставки за надминување на неоправдани разлики во интензификацијата на земјоделството. Тоа ќе дозволи на земјите од Западна Европа да го намалат трупањето на земјоделското земјиште со ѓубрива, препарати ,механизација и друго и да  поминат кон попогодни природни и економски услови во сеидбената структура и асортиманот. Така, ширењето на Исток ќе придонесе по природен пат да се остварува еколошки усогласено земјоделство според прокламациите на Унијата.

  На трето место, најсериозна опасност во сегашните земји членки предизвикува значаен број и ниска цена на работната сила во земјите кандидати. Ако прашањето се разгледува од гледна точка на потрошувачите односно на големото мнозинство жители на Унијата, ефтината работна сила е предност, бидејќи ќе ја подобри ефективноста и конкурентноста на Европското земјоделство, а особено кај трудоинтензивните подсектори.

  Четврто, капиталната сигурност на земјоделството во земјите од Централнал и Источна Европа е осетно пониска од тоа на ЕУ. Стабилните економски услови и поефективно производство ќе овозможат пораст на инвестициите, како во земјоделството така и за развој на селските региони.

  Петто, тешко е да се прогнозира какво ќе биде влијанието на ширењето врз производствената структура на земјоделството во земјите од Централна и Источна Европа. Стариот и често мачен процес на окрупнување на стопанствата изгледа неизбежно за Полска, но тоа воопшто не е општо важечки случај. Суштината е дека новатга производна структура се формира само под влијание на пазарните принципи. Развојот на предприемништвото во земјоделството би придонело за пораст на ефективноста на европското земјоделство и на тој начин ќе помогне во порастот на предизвиците на неизбежноста на среднорочен план либерализација на Светската трговија со земјоделските производи.

  Шесто, прехрамбената индустрија во земјите на Централна и Источна Европа во различлен степен е релативно неконкурентна. Тоа се должи главно на слабости во квалитетните карактеристики, непридржување кон санитарните и хигиенските норми, пакувањето и маркетингот. И покрај тоа, може да се очекува дека на база на квалитетната суровина, ефтина работна сила и инвестициите на новите пазарни можности, таа дејност да се развива успешно. Се очекува тој да генерира одржливо барање на капитал, потреба која ќе се покрива воглавно од ЕУ. Истото е можно во уште поголем степен да се тврди за инфраструктурата во земјоделството – транспорт, соопштенија, складишта, пазари, берзи, наводнување, механизација и други услуги, а тоа значи дека се открива уште еден инвестиционен пазар.

  Ширењето на ЕУ на Исток ќе создаде можности и за засилување на конкурентските позиции на Европското земјоделство, стабилизирање на земјите на ЦИ  и пораст на благостостојбата во целата Унија. Реализацијата на тие пријатни можности бара проценување на заедничката аграрна политика. Нејзиното реформирање треба да ја исклучи можноста за воведување на нови бариери меѓу земјите членки и ново примените, како и дискриминација во однос на поддршка на земјоделците. Само тогаш таа ќе делува вистина како заедничка.

Проф.Д-р. Борис Анакиев

Можеби ќе ве интересира

Оружје за Украина - пари за САД

Оружје за Украина - пари за САД