Разрешениот Зибери сподели анкета на Брима Галуп: ДУИ во недостижно водство
Објавено во: Македонија 05 Јули, 2020
Разрешениот директор за Центарот за јавно здравје на Скопје Арбен Зибери сподели вечерва резултати од анкета на Брима Галуп.
Според него испитувањето на јавното мислење покажало дека Демократската Унија за интеграција има рејтинг од 8,2 проценти. Следена е од Алијансата за Албансите со поддршка од 4,9 проценти, додека БЕСА, коалициониот партнер на СДСМ има поддршка од 2,6 проценти.
Зибери е внук на Насер Зибери кандидатот на премиер од албанскиот политилки блок кој сега го промовира ДУИ.
Беше разрешен од министерот за здравство Венко Филипче откако тврдеше дека некои од одлуките на Комисијата за заразни болести чиј член беше се носени поради гласањето односно во функција на парламентарните избори.