Раул Кастро и неговите деца „заработија“ санкции од САД
Објавено во: Свет 27 Септември, 2019
Санкции за Раул Кастро и неговите деца како нов притисок врз Куба поради поддршката кон претседателот на Венецуела, Николас Мадуро.
Ваква одлука вчера донесе САД.
„Како прв секретар на Вооружените сили на Куба, Кастро е одговорен за поддршката на режимот на поранешниот венецуелски претседател Мадуро преку насилство, застрашување и репресија“, наведе во соопштението американскиот државен секретар Помпео повторувајќи го ставот на Вашингтон дека Мадуро не е легитимен претседател на Венецуела.
Помпео вели дека кубанските безбедносни сили, во договор со војската на Мадуро и разузнавачките служби, се вмешани во грубо кршење и злоупотреби на човековите права, но и тортура.