20 Октомври, 2019
0.0184

Растрчани министри, субвенции, награди - мириса ли на популизам

Објавено во: Македонија 10 Октомври, 2019

Растрчани министри да промовираат мерки што ги засегаат граѓаните. Субвенции за купување инвертери, најавени како најмасовна мерка против загадувањето, наградна игра за Мој ДДВ, за која е „стокмен“ и паричен фонд од 500 илјади евра, па дури и најава дека ќе се зголемува прагот за ДДВ обврзници. Мириса ли на популизам кој беше прекумерен кај претходната власт, а за кој оваа кога беше во опозиција ветуваше дека нема да и биде стил на водење на политиките. Или, пак, станува збор за реална грижа за граѓаните на кои им беше ветуван подобар живот, која е нормално да добива на интензитет како ќе се наближуваат изборите.

Дури 10 милиони евра за домаќинствата во Скопје, Битола, Тетово и Кичево, ќе се делат за купување на инвертер клима уреди. На прес конференција во Владата премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев мерката ја нарекоа најрадикалната и најмасовната владина мерка против загадувањето.

А парите нема да ги дава владата од државниот буџет, туку Електрани на Северна Македонија. Тие ќе ги одвојат за 10.000 домаќинства, од кои 5.200 во Скопје. Секое семејство ќе добие по 1.000 евра за да го купи овој уред, но за возврат ќе треба да го заменат стариот кој им бил на фосилни и тврди горива. Предност ќе имаат домаќинствата кои немаат повисоки месечни приходи од 30.000 денари.

„Најголемите концентрации се во зимскиот период за грејната сезона. Греењето со инвертер клима-иреди е најеколошки начин на греење и со сегашните цени е далеку најевтино. Овие градови како најпогодени од загадувањето се прва фаза, а понатаму ќе следуваат и други“, рече премиерот Зоран Заев.

И во Министерството за финансии не недостигаат идеи. Вчера објавија како ќе ја „наградата“ мерката за поврат на ДДВ - во игра влегуваат награди за граѓаните, за кои е обезбеден фонд од 500 илјади евра. Парични награди ќе има на дневно ниво, но ќе се доделуваат и 15 награди месечно, а ќе има и две главни премии. Мерката ќе стартува на 25 ноември, а и дале и интересно име „Мој ДДВ Моја Награда“.

Учесници и добитници ќе можат да бидат само оние 150 илјади граѓани што скенираат фискални сметки, а ќе се избираат преку Државната лотарија. Мерката, како што објасни министерката Нина Ангеловска, е унапредување на Мој ДДВ, која дава резултати, и ќе биде дополнителен мотив на граѓаните во борбата против сивата економија. Првата исплата е најавена за декември.

Ангеловска не се согласува дека играта е слична со некогашната што ја промовираше некогашниот прв финансиер, Зоран Ставреки, „Фискална во рака, награда без мака“, смета дека меѓу двете игри нема никаква сличност.

А премиерот Зоран Заев вчера најави и дека ќе се исполни и владиното предизборно ветување, односно зголемување на паричниот праг за ДДВ обврзник, кој сега изнесува еден милион денари. Според него, Министерството за финансии во наредните неколку дена ќе донесе нова одлука за покачување на прагот за ДДВ обврзници и ќе ја презентира на граѓаните.

„Во делот што се за физички и правни лица се работи за плаќање ДДВ на лимитот од еден милион денари. Министерството за финансии работи на проблематиката. Верувам дека во деновите што следат, тие ќе излезат со податок во функција на исполнување на програмското ветување на оваа Влада“, рече Заев.

Дали некогаш критикуваните мерки стануваат омилени кога мора да се мисли на симпатиите на гласачкото тело.

Аналитичарот Петар Арсовски за Фактор вели дека самиот факт што двете политички партии излегуваат со кампањи, значи дека за наредната година се подготвуваат за избори.

„Тоа не мора да значи дека изборите ќе бидат во март или во април, односно напролет како што бара опозицијата, тие можеби ќе се одржат и во октомври. Секоја партија мора навреме да се подготви за изборна година. Но, кај Владата е нормално тоа да се случи уште порано, бидејќи буџетот за 2020 година се носи уште сега, па затоа во него треба да се испланираат сите мерки што ќе се реализираат наредната година. Тие мерки се всушност влог на Владата за нареден мандат“, објаснува Арсовски.

На прашањето дали станува збор за популистички мерки, Арсовски со став дека некои од нив можат да добијат таква квалификација, но тоа не може генерално да се смета за сите, особено не за онаа за инвертерите.

„Некои од тие мерки можат да се наречат популистички. На пример, своевидното попуштање на платите на просветарите. Но, мерката за инверторите не може да се смета како таква. Бидејќи, прво, за неа не се издвојуваат средства од државниот буџет, туку од државните електрани, односно Електрани на Северна македонија, а второ, затоа што тоа е класична мерка за борба против загаденоста на воздухот. Од една таква мерка не може да се бара економска исплатливост“, вели аналитичарот петар Арсовски. 

( Н.Н.Ф.)

Можеби ќе ве интересира

Прва лидерска кај претседател без меѓународен фактор

Прва лидерска кај претседател без меѓународен фактор

СЕ БАРА ПРИТВОР: Кај лице од Арачиново во плакар најдена бомба

СЕ БАРА ПРИТВОР: Кај лице од Арачиново во плакар најдена бомба

ЗА „РЕКЕТ“: Во вибер порака испратена кај една од осомничените се наведени суми

ЗА „РЕКЕТ“: Во вибер порака испратена кај една од осомничените се наведени суми

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека поради „реформите“ нема датум, а СДСМ ветува дека двојно ќе работи

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека поради „реформите“ нема датум, а СДСМ ветува дека двојно ќе работи

Јовески и Пановски: Наводите на Ла Верита се чиста шпекулација

Јовески и Пановски: Наводите на Ла Верита се чиста шпекулација

Кога ќе падне првиот снег зимава во Македонија?

Кога ќе падне првиот снег зимава во Македонија?

АРСИМ ЗЕКОЛИ ДО ВЛАДАТА: Се игравте со огин, вие многу добро знаете со кој огин

АРСИМ ЗЕКОЛИ ДО ВЛАДАТА: Се игравте со огин, вие многу добро знаете со кој огин

Боки 13 аплицирал за трговските марки Северно Македонска Пошта и Северно Македонски Телеком

Боки 13 аплицирал за трговските марки Северно Македонска Пошта и Северно Македонски Телеком

ГАЈСЕР ПИШУВА: Канцеларката пробува да го спаси Заев

ГАЈСЕР ПИШУВА: Канцеларката пробува да го спаси Заев