Добивај вести на Viber
Вкупниот надворешен долг на Србија на крајот на септември изнесуваше 24,8 милијарди евра, т.е. 83,7 отсто од БДП, што е над долната граница на висока задолженост според критериумот на Светска банка, објави Народната банка на Србија.
Во однос на крајот на јуни 2012 година, надворешниот долг на Србија е зголемен за 746,4 милиони евра или за 3,1 отсто. Наведениот раст на долгот е ублажен со слабеењето на еврото во однос на останатите валути застапени во структурата на надворешниот долг, врз чиј основ надворешниот долг е намален за 120,3 милиони евра. Во тој период надворешниот долг на јавниот сектор е намален за 88 милиони евра, додека долгот на приватниот сектор е зголемен за 834,4 милиони евра.