РАСТЕ БРОЈОТ НА ЖРТВИ: При силен земјотрес загинаа 37 луѓе
Објавено во: Свет 25 Септември, 2019
Во Пакистан бројот на жртвите од земјотресот се искачи на 37.
Загинаа и деца во земјотресот со јачина од 5,8 степени, што го погоди пакистанскиот регион Кашмир во вторникот, соопштија локалните власти. АП известува дека повеќе од 700 лица се повредени.
Епицентарот на земјотресот бил на 23 километри северно од Џелам, на речиси 120 километри од главниот град Исламабад, на релативно мала длабочина од десет километри, соопшти американскиот Геолошки завод.
Подрачјето на Мирпур е најпогодено, каде што се оштетени илјадници домови и згради. Според официјален претставник на локалната полиција, ситуацијата, по последователен земјотрес во текот на ноќта, полека се враќа во нормала и се намалува стравот кај луѓето.
Земјотресот уништи многу домови, продавници и патишта на подрачјето меѓу градовите Џелам и Мирупу во северен Пакистан, а голем дел од штета е направена во селата каде што се распаднале стари куќи.
Премиерот Имран Кан изјави дека е загрижен за штетата предизвикана од земјотресот и ги упати сите оддели да обезбедат итна помош.