РАСТЕ БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ, НО И НА ХОСПИТАЛИЗИРАНИ ВО СРБИЈА - денеска 303 нови случаи
Објавено во: Балкан 01 Август, 2021
Расте бројот на новозаразени, но и хоспитализирани пациенти во Србија.
Според официјалните податоци, во последните 24 часа, четири лица починале како резултат на коронавирусот во Србија, така што вкупниот број на жртви е 7.118, објавено е на веб -страницата на Министерството за здравство covid19.rs.
Од последниот пресек на ситуацијата во Србија, 6.063 луѓе се тестирани за коронавирус, од кои 303 се новозаразени.
Има осум пациенти на апарати за дишење.
Вкупно 431 лице се хоспитализирани.
Од почетокот на епидемијата, официјално се потврдени 722.221 случаи на инфекција во Србија.
Стапката на смртност е 0,99 проценти.
До 15 часот на 1 август 2021 година, во Србија беа тестирани вкупно 4.677.471 лице .
Шефот на канцеларијата на Светската здравствена организација во Белград, Марјан Ивануша, посочи дека најдобрата заштита од вирусот корона е вакцинацијата, нагласувајќи дека никој не може со сигурност да потврди дека е можно целосно да се искорени овој вирус.