24 Април, 2024
0.0268

РАСТЕ БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ: Италија ги враќа рестрикциите

Објавено во: Свет, Корона Вирус 27 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Италија ги заостри мерките во пет од дваесет региони. 

Земјата воспостави четиристепен систем означен со бои (бела, жолта, портокалова и црвена) што овозможува мерките да се приспособат зависно од нивото на инфекција. Проценките се ревидираат секоја недела. Првпат од крајот на јануари, два региона – Базиликата и Молизе – се ставени во најстрогата црвена зона. Ова значи затворање на баровите и рестораните, строго ограничување на движењето и затворање на сè, освен продавници за храна. Три региони се префрлија од жолта во портокалова зона: Ломбардија и Пиемонт, каде се наоѓаат богатите северни градови Милано и Торино и крајбрежниот регион Марке. Tаму рестораните и баровите се затворени, освен за храна и пијалок за носење и на луѓето не им е дозволено да ги напуштаат своите градови, освен во итни случаи, поради работни и здравствени причини.

Островот Сардинија е првиот регион прогласен за бела зона, каде што има само минимални ограничувања. Во Италија расте бројот на заразени. Во текот на изминатите пет дена, новите случаи се зголемија за 35 проценти во споредба со истиот период минатата недела.  По бројот на потврдени случаи на коронавирусот, Италија во светски рамки е на осмото место. Заразени биле скоро 3 милиони луѓе. 

Можеби ќе ве интересира

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДО)

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДО)

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница

КУЛЕБА НАСКОРО ЌЕ ДАДЕ ОБЈАСНУВАЊЕ: Украина ги укина конзуларните услуги за машките државјани на воена возраст во странство

КУЛЕБА НАСКОРО ЌЕ ДАДЕ ОБЈАСНУВАЊЕ: Украина ги укина конзуларните услуги за машките државјани на воена возраст во странство

ГАЗА: Откриена е масовна гробница, дел од луѓето биле со врзани раце и нозе

ГАЗА: Откриена е масовна гробница, дел од луѓето биле со врзани раце и нозе