РАСТАТ РЕЗЕРВИТЕ: Цената на нафтата паѓа
Објавено во: Економија 24 Јуни, 2020
Денеска е регистриран пад на цената на нафтата.
Податоците од тргувањата на меѓународните берзи укажуваат на пад на цените на нафтата откако Министерството за енергетика на САД објави зголемени бројки на производство на нафта во земјата и зголемени резерви.
Цената на нафтата Брент се намали за 4.46 проценти до 40.76 американски долари за барел.
Лесната нафта (ВТИ) има цена пониска за 4.63 проценти или 38.5 долари за барел.
Цените на нафтата се намалија откако Министерството за енергетика на САД објави дека земјата го зголемила производството. Резервите скокнале до 541 милион барели.
Се појавија прогнози, според кои за една деценија, Европа ќе има проблеми со снабдувањето со нафта.