РАСТ НA ДЕВИЗНИТЕ РЕЗЕРВИ: Koлкав бил износот на крајот на август?
Објавено во: Економија 12 Септември, 2024
Се зголемиле девизните резерви во Македонија. Тие на крајот на август изнесувале 4,46 милијарди евра.
Како што соопштија од Народна банка, во споредба со претходниот месец, девизните резерви бележат зголемување за 41,3 милиони евра.
Најголем дел од девизните резерви се во хартии од вредност (59,6 отсто), по што следуваат валутите и депозитите (29,1 отсто) и монетарното злато (11,3 отсто).
foto freepik.com/josemiguelsangar