РАСТ НА БДП ЗА 28 ГОДИНИ: Турција и Словенија направиле бум, Македонија далеку зад нив
Објавено во: Економија 19 Септември, 2019
За период од 28 години Турција, Словенија и Хрватска економски напредувале, а Македонија скромно, но има и земји кои се зад нашата држава.
Хрватска напреднала со одлични 58 проценти.
Овие податоци ги објави Сонер Кагаптај, познат турски политички аналитичар со адреса на живеење во САД.
Македонија од 1990 до 2018 година забележала раст на бруто-домашниот производ (БДП) за околу 33 отсто, што во споредба со економиите од регионот е скромен пораст затоа што Турција во истиот тој период има зголемен БДП за 239 отсто, а Словенија, која е втора на листата, за 98 отсто.
Босна и Херцеговина има негативна стапка на економски раст од еден процент од 1990 година, при што српската економија во истиот период забележала негативен раст од 11 проценти.