Рама вели дека ќор - сокакот е надминат, овој предлог е последен и Македонија треба да го прифати
Објавено во: Балкан 01 Јули, 2022
Македонија треба без двоумење да го прифати новиот француски предлог, вели албанскиот премиер Еди Рама.
Кажа дека тој според него, е исто така последен, а го отвора патот за старт на преговори за Албанија и Северна Македонија со Европската Унија(ЕУ).
„Според мое мислење, новиот предлог, кој е и последен, мора добро да го разберат во Северна Македонија, е целосно прифатлив предлог и владата, мнозинството, парламент, треба да го прифатат без двоумење. Општеството во Северна Македонија треба да се чувствува целосно ослободено затоа што ќор - сокакот е надминат и елиминирани се некои нијанси што го направија неприфатлив претходниот предлог“, рече Рама.
Тој изјави дека водел конструктивен разговор со бугарскиот претседател Румен Радев.
„Ние немаме проблем со Бугарија, нема загриженост за која било друга природа, освен загриженоста создадена од пристапот на Бугарија кон Северна Македонија и заложништвото на Северна Македонија и Албанија во процес што можеше да бидат многу повеќе цивилен и европски од Бугарија. Но, тоа е вода што помина под мостот и со затворање на процесот на разгледување од Северна Македонја на францускиот предлог, нема што да се додаде кога се однесува на Бугарија. Посакувам, во иднина да не минуваме патишта „Бугарија“, во други форми, како израз на искривување на духот за проширување“, изјави Рама.
И за овој модифициран предлог, македонската опозиција има забелешки и повика на протести.