18 Април, 2024
0.0338

Рајан Динг: 5G ја осветлува иднината

Објавено во: Свет 25 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

На прелиминарниот брифинг на Huawei за онлајн медиумите и аналитичарите во рамките на MWC Шангај 2021, Извршниот директор и претседател на Carrier бизнис групацијата, Рајан Динг го одржа централниот говор наречен „5G ја осветлува иднината“.

„2020 година беше тешка година. За време на овој период, Huawei тесно соработуваше со нашите купувачи", го започна Динг своето обраќање. Во 2020. година, Huawei го поддржа стабилното работење на над 300 мрежи низ повеќе од 170 земји и им помогна на операторите да пружаат онлајн услуги и да го минимизираат влијанието на пандемијата врз нивниот бизнис. Работејќи со Huawei, операторите привлекоа 22 милиони нови безжични домашни корисници на широкопојасен интернет ширум светот. Благодарение на ова, луѓето можат лесно да им пристапуваат на телемедицинските услуги и да работат од дома.

5G се разви побрзо отколку што очекувавме. Повеќе од 140 комерцијални 5G мрежи беа распоредени во 59 земји. Според Динг, над 50 проценти од нив биле изградени од Huawei. Исто така, созрева и екосистемот. Во Кина, повеќе од 68 проценти од испорачаните паметни телефони во 2020 година биле 5G уреди. Повеќе од 200 5G модули и индустриски уреди сега се достапни, поддржувајќи ја примената на 5G во широкиот спектар на индустрии.

Huawei им помогна на операторите да ги изградат најдобрите мрежи. Според извештаите од трети страни за 2020 година, вклучувајќи ги IHS, P3, OpenSignal и Meqyas, најдобрите 5G мрежи во Сеул, Амстердам, Мадрид, Цирих, Хонг Конг и Ријад биле мрежи што ги изградил Huawei. Динг нагласи дека големото мрежно искуство е темел на деловниот успех и дека овие шест градови се само јаготката на шлагот во однос на иновативната соработка на Huawei со операторите. На пример, со примената на Huawei AAUs 64T64R и водечките алгоритми со повеќе антени, LG U+ постигна поголема ефикасност на спектарот и мрежно искуство за повеќе од 25 проценти подобро од останатите оператори. Благодарение на Huawei’s Blade AAU, што може да работи и во Sub3G и во C-Band, Sunrise го скрати времето за стекнување на веб-локации од 24 месеци на 6 месеци, и беше единствениот оператор со пет извонредни оценки во Швајцарија.

5G станува дел од темелните производни процеси во индустриите. Гледајќи напред, господинот Динг беше радосен во врска со перспективата за широката примена на 5G индустриските апликации во 2021 година.

5G апликациите се применети во повеќе од 20 индустрии, вклучувајќи го производството, здравството, образованието и логистиката. Динг посочи на примери во Кина каде индустриските примени на 5G веќе ја докажуваат својата вредност, како на пример рударењето на јаглен, производството на челик и таму каде што 5G го направи производството побезбедно, поинтелигентно и поефикасно. Динг нагласи дека „5G повеќе не е за раните усвојувачи, туку го подобрува нашиот секојдневен живот. Оваа 2021 година ќе биде прва година со примена на 5G индустријата во голем обем. На операторите ќе им требаат нови можности во мрежното планирање, распоредување, одржување, оптимизација и операции, со цел да постигнат „0 до 1“ и да го реплицираат успехот од 1 до многу. Huawei во текот на MWC саемот во Шангај, онлајн и офлајн одржува изложби и детални дискусии на овие теми со заинтересираните страни во индустријата. Ќе продолжиме да иновираме за да им помогнеме на нашите клиенти да ги изградат најдобрите 5G мрежи и да постигнат поголем деловен успех“.


Можеби ќе ве интересира

НАЈВИСОК СТЕПЕН НА ТРЕВОГА: Алармантно во Индонезија, по ерупцијата на вулканот евакуирани 1.500 луѓе, се стравува од цунами

НАЈВИСОК СТЕПЕН НА ТРЕВОГА: Алармантно во Индонезија, по ерупцијата на вулканот евакуирани 1.500 луѓе, се стравува од цунами

РУСКИ ШПИОНИ ПЛАНИРАЛЕ НАПАДИ НА ВОЕНИ ОБЈЕКТИ ВО ГЕРМАНИЈА! Ја шпионирале американската база каде се обучуваат украински војници

РУСКИ ШПИОНИ ПЛАНИРАЛЕ НАПАДИ НА ВОЕНИ ОБЈЕКТИ ВО ГЕРМАНИЈА! Ја шпионирале американската база каде се обучуваат украински војници

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ОВА СЕ 100-те НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛУЃЕ: Магазинот Тајм ја објави листата за 2024 година - ќе се изненадите кој се сѐ најде на листата

ОВА СЕ 100-те НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛУЃЕ: Магазинот Тајм ја објави листата за 2024 година - ќе се изненадите кој се сѐ најде на листата

ВО ОВАА ЗЕМЈА ПОЛИЦИЈАТА ВОЗИ „ФЕРАРИ“, ПРАВАТ ДОЖД СО ДРОНОВИ, А НЕ ТОЛКУ ОДАМНА ИМАА САМО ЕДНА ВИСОКА ЗГРАДА: Неверојатни факти за Дубаи

ВО ОВАА ЗЕМЈА ПОЛИЦИЈАТА ВОЗИ „ФЕРАРИ“, ПРАВАТ ДОЖД СО ДРОНОВИ, А НЕ ТОЛКУ ОДАМНА ИМАА САМО ЕДНА ВИСОКА ЗГРАДА: Неверојатни факти за Дубаи

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ПРИНЦОТ ХАРИ СЕ ОТКАЖА ОД БРИТАНИЈА? Еве кои се причините за тоа

ПРИНЦОТ ХАРИ СЕ ОТКАЖА ОД БРИТАНИЈА? Еве кои се причините за тоа

СЕМЕЈСТВАТА ПРОДАВАЛЕ НАКИТ ЗА ДА ЈА ПЛАТАТ ПРОЦЕДУРАТА: Во напад на клиника во Газа се уништени 4.000 ембриони

СЕМЕЈСТВАТА ПРОДАВАЛЕ НАКИТ ЗА ДА ЈА ПЛАТАТ ПРОЦЕДУРАТА: Во напад на клиника во Газа се уништени 4.000 ембриони

ЌЕ БИДАТ РАСПОРЕДЕНИ ВО БЕЛГОРОД: Вагнер ќе се спрема за напад на Харков?

ЌЕ БИДАТ РАСПОРЕДЕНИ ВО БЕЛГОРОД: Вагнер ќе се спрема за напад на Харков?