30 Мај, 2020
0.0405

РАФАЈЛОВСКИ ЗА ФАКТОР: Требаат минимум две милијарди евра за да излеземе од кризата

Објавено во: Финансии 27 Март, 2020

Доколку сака вистински да му помогне на стопанството за полесно да излезе од корона-кризата, Владата треба да се задолжи за најмалку две милијарди евра, вели за Фактор бизнисменот Горан Рафајловски.

Според него, од овие две милијарди евра, една милијарда треба да се намени за здравствениот сектор и за администрацијата, со цел тие добро да одговорат на сериозните предизвици што ги наметна ширењето на вирусот.

Втората милијарда, пак, би требало да му се даде на реалниот сектор.

„Никој не вели дека овие пари на фирмите треба да им се дадат како „честење“, односно неповратно. Тоа никој не го бара и не го очекува. Овие пари треба да им се дадат на компаниите како кредити, и тоа со ниска камата и со долг рок на отплата. Односно, ако тие средства Владата ги земе преку поволен заем, со например 0,5 отсто камата и со рок на враќање од 15 години, фер би било и државата тие пари да им ги направи достапни на фирмите со иста камата од 0,5 отсто и со рок на отплата од околу 10 години“, објаснува Рафајловски.

Според него, од таа една милијарда евра, за периодот на враќање од 10 години, најверојатно би пропаднале 20 до 25 проценти, односно околу 250 милиони евра, бидејќи дел од фирмите ќе имаат тешкотии и нема да имаат од каде да ги враќаат парите, а за дел постои веројатност дека би се дале на „погрешни“ фирми.

„Но, како епилог на ова ќе биде дека целото стопанство ќе успее да опстои и да излезе од кризата, по што ќе биде подготвено да се развива. А тоа е најбитно за државата, бидејќи само стопанството е она што го полни буџетот“, вели Рафајловски.

За средствата од 5,7 милиони евра што ќе се даваат во форма на бескаматни кредити преку Развојната банка, Рафајловски смета дека се сосема недоволни.

„Со тие пари не можат ни да се покријат ниту загубите во угостителството, а не пак во другите сектори. Еве направете пресметка, таму се загрозени 30 илјади работни места. Ако тоа го помножиме со бруто плата од еве просек 500 евра, тоа е 15 милиони евра само за еден месец. За три месеци, пак, износот е 45 милиони евра, што значи дека оваа кредитна линија ни оддалеку не е доволна“, објаснува Рафајловски.

Овој бизнисмен смета и дека власта треба да размисли да прогласи мораториум на сите давачки за извесен кус период, па дури и на ДДВ, со цел барем малку да им се ублажат тешкотиите на фирмите и на граѓаните.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

КАМАТИТЕ УПОРНО ОДАТ НАДОЛУ - добро за тие што сакаат кредит, но неповолно за штедачите

КАМАТИТЕ УПОРНО ОДАТ НАДОЛУ - добро за тие што сакаат кредит, но неповолно за штедачите

Шекеринска: Ни требаат пари од странство!

Шекеринска: Ни требаат пари од странство!

АНГЕЛОВСКА ЗА ПЛАТЕЖНАТА КАРТИЧКА: Ќе им помогне на погодените и ќе ја намали сивата економија

АНГЕЛОВСКА ЗА ПЛАТЕЖНАТА КАРТИЧКА: Ќе им помогне на погодените и ќе ја намали сивата економија

БЕА БРОЈ ЕДЕН: Херц оди во стечај

БЕА БРОЈ ЕДЕН: Херц оди во стечај

ПОДАТОЦИ ЗА ПЛАТИ: Еве колку заработуваат Германците

ПОДАТОЦИ ЗА ПЛАТИ: Еве колку заработуваат Германците

Професорката Наумовска нов член на Надзорниот одбор на Прокредит банка

Професорката Наумовска нов член на Надзорниот одбор на Прокредит банка

МБА: Ќе се одржи националниот натпревар на Европскиот квиз на пари

МБА: Ќе се одржи националниот натпревар на Европскиот квиз на пари

За Алкалоид, Комерцијална банка и НЛБ банка бесплатни инвестициски анализи

За Алкалоид, Комерцијална банка и НЛБ банка бесплатни инвестициски анализи

Предвидувањата за вакцините ќе го придвижат пазарот на капитал: Генерали инвестментс совети

Предвидувањата за вакцините ќе го придвижат пазарот на капитал: Генерали инвестментс совети