РАДМИЛА ПЕШЕВА ЌЕ РАКОВОДИ СО ЈП ЛАЈКА, А САИД САИД СО ЈП УЛИЦИ И ПАТИШТА - Крсте Петревски ќе управува со Градски Паркинг, има и други нови директори
Објавено во: Македонија 28 Септември, 2022
Град Скопје соопшти дека денеска се назначени новите в.д директори на Јавните претпријатија во главниот град.
Со ЈП Лајка назначена е да раководи Радмила Пешева, додека со ЈП Улици и патишта Саид Саид. На в.д директорската позиција во ЈП Паркинг назначен е Крсте Петревски, во ЈП Паркови и зеленила Реџепи Зухејр, додека со ЈП Дрисла назначен е Александар Кузинаков.
Во ЈП Комунална Хигиена продолжуваат со раководство Косана Мазнева, ЈСП Александар Стојковски и ЈП Водовод Марјан Митевски.