РАДИОАКТИВНА ПРАШИНА СТИГНА ВО ЕВРОПА - 60 години по тестот на атомската бомба дојде како бумеранг
Објавено во: Свет 06 Март, 2021
Радиоактивната прашина од Сахара е присутна во Франција од февруари, објави Здружението за контрола на радиоактивноста.
Прашината ја донесе ветерот од пустината Сахара, и забележан е скок на загадувањето во делови на јужна Европа.
Научниците потврдија дека прашината е радиоактивна по земањето мостри од неа.
Иако сегашните нивоа на зрачење не се сметаат за опасни, медиумите укажуваа на иронијата на целата ситуација - уште во 60-тите години на минатиот век, Франција спроведе неколку нуклеарни тестови во Алжир, тогаш француска колонија, што доведе до контаминација со зрачење на Сахара, пренесува Sputnik International .
Метеоролозите објаснија дека приливот на прашина е предизвикан од големото невреме во Мароко, кое го зафати североисточниот дел на земјата со брзина од околу 100 километри на час.
Извор. Курир.рс Фото: Profimedia / KONRAD K.